И ПОКРАЈ БРЕГЗИТ: Британија сака слободен пристап до единствениот пазар
Објавено во: Економија, Свет 02 Септември, 2016 10:00
Дејвид Дејвис изјави дека Велика Британија по Брегзит ќе стапи во преговорите со земјите од ЕУ, барајќи слободен пристап до единствениот пазар. Ова го пишува весникот „The Independent“.
Дејвис, кој ќе игра водечка улога во преговорите, изјави дека ќе биде во интерес на земјите од ЕУ да ги задржат добрите односи со Велика Британија.
За време на посетата на Северна Ирска Дејвис вели: „Во однос на пристапот до единствениот пазар, тоа кон што ќе се целиме кон тарифниот пристап до него, но тоа е прашање на преговори“.
„Ние ќе преговараме по прашање што претпоставувам е од интерес за другите членки на ЕУ и тие сакаат да добијат добри трговски односи со Обединетото Кралство на долг рок“, рече тој.
За време на посетата Дејвис исто така, вети дека нема да има враќање на „цврстата граница“ меѓу Северна Ирска и Република Ирска, кога Британија ја напушти ЕУ.
Пишувајќи за Belfast Telegraph во четвртокот, Дејвис изјавил: „Имавме заедничка зона за патување меѓу Велика Британија и Република Ирска долги години пред земјите да бидат членки на ЕУ. Ние сме јасни, не сакаме цврста граница - без враќање кон минатото - и без непотребни трговските бариери“.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




