15 Декември, 2025
0.0443

И поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски станува бизнис консултант

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Драган Тевдовски, првиот министер за финансии во владата на поранешниот премиер Зоран Заев, ќе се обиде своето знаење и искуство да го пренесе деловнички на клиенти со основање на фирмата „Даталитикс ОРГ“.

На еден од најпопуларните професори на Економскиот факултет - Скопје партнер ќе му биде инвестицискиот советник Виктор Митевски, извршен директор во Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, познат уште како и ментор и обучувач за стартап компании.

Тој ни рече дека единствено што може да каже засега е дека станува збор за фирма за анализи на финансиски податоци и текови и дека повеќе не е во политиката. Рече дека бизнис иницијативата е на самиот почеток и дека развојот ќе зависи од интересот на идните клиенти, но дека засега не сака да дава никаква изјава.

Иако официјалната причина за заминувањето на Тевдовски од министерската позиција во 2019 беше „од лични причини“, една од шпекулациите беше дека тој е отстранет поради судирот со тогашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев како претставник на бизнис-заедницата и тоа околу воведувањето на прогресивниот данок.

По разрешувањето, Тевдовски најави дека ќе се врати на Економскиот факултет во Скопје, од каде што дојде во ресорот финансии и каде што работеше од 2002 година. На крајот на неговиот предвреме завршен мандат (2019 година) Македонија го подобри кредитниот рејтинг за прв пат после 13 години (од 2006 година).

Професорот познат по своите изворни левичарски ставови потоа беше назначен за советник на извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон во периодот 2020 – 2022 година. Покрај тоа, беше член на Комитетот за интеграција на Македонија во НАТО, како и гувернер на Македонија во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој.

Тој е втор поранешен министер за финансии од претходната власт кој по политиката ќе се испроба и во бизнис секторот како консултант, откако лани есеноска Фатмир Бесими како главен извршен директор ја основаше „Srategers“, компанија за бизнис консалтинг и услуги.

Бесими исто така e професор по економија, но на Универзитетот на Југоисточна Европа. Во тимот на Бесими се уште Александар Стојков, професор на УКИМ, како претседател на бордот и Нина Фити, консултант на Групацијата Светска банка.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година