07 Мај, 2024
0.0259

И приватните стоматолози можат да аплицираат за владините мерки, од Финансии велат - достапни се за сите погодени

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Која компанија, односно од која дејност, за кои од владините мерки може да учествува?

Мерките на власта кои имаат за цел да му помогнат на стопанството за да ги преброди последиците од коронакризата, предизвикаа и одредени забуни во јавноста. 

Дел од стоматолозите на пример, кои заради природата на својата работа, но и поради препораките, отвораат само за итни случаи, за Фактор се пожалија дека не можат да аплицираат за владините економски мерки.

Од Министерството за финансии, пак, тврдат дека сите приватни бизнисмени, од било која дејност, ако се погодени од кризата, и ако ги исполнуваат критериумите кои се предвидени, имаат право да аплицираат за сите мерки.

Притоа, како што објаснуваат од финансии, сите приватни бизнисмени имаат право да побараат државна помош од 14.500 денари за платите на вработените. 

Компаниите од сите дејности, исто така, имаат право да побараат и државни средства од мерката 50 отсто субвенционирање на придонесите.

Додека, пак, само најпогодените дејности, како што се туризмот, угостителството и транспортот, имаат право на комбинација од овие две мерки, со што нвната вкупна финансиска подршка би дошла и до 19.500 денари месечно.

Тоа неодамна го објасни и министерката за финансии Нина Ангеловска. 

„Им  се излегува во пресрет и им се дозволува на овие компании кои се здрави, да аплицираат и за мерката 50 проценти субвенционирање на придонесите, која беше објавена во првиот пакет мерки. Тоа значи дека ако компанијата има шифра на дејност во еден од овие три сектори и ако е здрава компанија, под што се подразбира да остварила добивка во последните две години, не е на листата на должници кон УЈП и ако нема достасани, а неплатени обврски по кредити над 90 дена на 29 февруари, таа може да ја комбинира оваа мерка 14.500 денари заедно со мерката за субвенционирање на 50 отсто од придонесите. Со ова, покрај тие 14.500, фирмите можат да користат и дополнителни до максимум 5.000 денари од другата мерка, која предвидува покривање на придонесите до просечна плата објавена за 2019 година. Значи, вкупната финансиска поддршка за овие фирми ќе може да изнесува до 19.500 денари“, објасни Ангеловска.

Токму мерките вчера доживеаја уште една промена, само два дена откако беше објавено дека тие ќе станат флексибилни за фирмите и ќе се дозволи парична помош да користат и оние фирми кои ќе отпуштат работници. До измената дојде откако синдикатите и работниците жестоко реагираа до Владата. Затоа власта вчера излезе со уште една дополнета Уредба за поддршка на платите за април и мај.

Со неа, велат и двете страни, се оневозможува неправедно прекинување на работниот однос на работниците. Со промените, усогласени со синдикатите и граѓанските здруженија за заштита на работничките права, се утврдува дека работодавачот кој ќе користи финансиска поддршка за исплата на плати, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец јули 2020 година), освен заради: пензионирање и смрт на работник, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски, спогодбено преземање на работник, престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда и престанување на важноста на договорот за вработување поради утврдена трајна неспособност за работа.

Во Уредбата за 14.500 помош е јасно наведено и кој не може да користи поддршка. 

„Работодавач-барател на финансиска поддршка не може да користи финансиска поддршка за работник доколку: нето платата на работникот за последните три месеци пред поднесување на Барањето од членот 3 став (1) на оваа уредба со законска сила е повисока од 39.900 денари за секој месец одделно, сразмерно на часовите на пријавено работно време (полно или неполно работно време) или доколку засновал работен однос за време пократко од три месеци, нето платата на работникот е повисока од 39.900 денари за секој месец одделно за периодот за кој е пријавен во работен однос, сразмерно на часовите на пријавено работно време (полно или неполно работно време)“, се вели во Уредбата, а наведени се и други фактори. 

Министерката Ангеловска информираше во кои случаеви фирмите не ги враќаат парите од државната помош, а во кои треба да вратат дел од нив.

А на првиот ден од мерката помош од 14.500 денари, односно на први мај, вкупно 356 барања за финансиска подршка за исплата на плати се поднесени до Управата за јавни приходи, преку системот Е- даноци. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд