25 Ноември, 2024
0.0267

И СЕМКАРНИЦИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ДАНОЦИ, нема веќе ослободување за компании со мал промет, АМА ИМА СИВА ЕКОНОМИЈА

Објавено во: Економија 20 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Занаетчии, фризерници, мали трговци, семкарници, бутиции... ова се само мал дел од бизнисите и дејности кои ќе мораат од следната година да плаќаат данок поради даночните промените кои се планираат во Законот за данок на добивка кој е веќе во Собрание.

Упатени лица за Фактор објаснуваат дека досега сите компании кои имале промет до 3 милиони денари на годишно ниво биле ослободени од плаќање даноци, додека компании кои остварувале меѓу три и шест милиони денари можеле да бираат дали ќе платат данок на добивка како и сите други компании од 10 отсто, или пак еден процент од прометот.

- Секоја семкарница, бутик, чевлар, кројач и многу други професии ќе треба да плаќаат даноци. Секоја фирма која има под 3 милиони денари промет на годишно ниво. Средствата кои ќе се слеат во буџетот воопшто нема да бидат многу, ама со сигурност ќе имаме многу компании кои ќе затворат. Сите промени кои се прават се удар врз малите компании, иако тие се едни од главните носители на прометот, и не остваруваат високи приходи – вели нашиот соговорник кој инсистираше на анонимност, и додава дека со оданочување на малите компании само ќе ги поттикнат поголем дел од нив да се откажат од дејноста.

Со реакција излезе и Сојузот на Стопански комори на Македонија од каде посточуваат дека со уинувањето на ослободувањето за плаќање данок на приход до три милиони денари за компаниите, како што предлагаат измените на законот се создава дополнително оптоварување за 50 илјади деловни субјекти и дека не е во духот на правично оданочување.

- Концептот на правично оданочување значи дека во даночниот систем треба да бидат опфатени нерегистрираните субјекти кои сега работат во сивата зона и не плаќаат никакви давачки, со што ќе престанат да бидат нелојална конкуренција на микро и малите деловни субјекти кои пак се значајна алка во економскиот еко систем - посочуваат од ССК. Од Сојузот дополнуваат оти за опстанок на микро и мали деловни субјекти бараат да не се укинува досегашното ослободување од данокот на добивка на оние кои имаат промет до 3 милиони денари.



На предлог измените на овој закон реагираше и Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ, која со свој пост на социјалните мрежи прашува која е целта на промените.

- Во што се состои праведноста на „даночната реформа” кога на најкревките и најмалите фирми од економијата, кои што се 70.000 од вкупно 100.000 фирми, им се воведува да плаќаат данок на добивка? 70.000 фирми се таргет на оваа „реформа”. 70.000 ќе бидат оптоварени со данок на добивка. 70.000 фирми соочени со неизвесноста од опстанок – стои во нејзиниот пост на социјалните мрежи.

Креаторите на овие даночни измени, со планираните промени очекуваат раст на приливите, поточно со „спроведувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка ќе предизвика позитивни фискални импликации врз Буџетот во износ од околу 872 милиони денари“. 

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“