И синот на Али Ахмети ќе произведува струја
Објавено во: Економија 30 Декември, 2022 07:40
Името на синот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е запишано како управител на новорегистрирана фирма за производство на електрична енергија во кичевски Зајас.
Шкумбин Ахмети од Зајас е одговорното лице на Друштвото за производство, трговија и услуги „Тхеас Енергу ДООЕЛ“. Сопственик на претпријатието кое извршило упис во изминатите денови е друштвото за консалтинг, посредување, проектирање, инжинеринг и услуги „Архитектас Пројоект Студио“ од Зајас.
За синот на Али Ахмети практично нема никакви информации во јавноста, ниту во медиумите на албански јазик. Единствено е познато дека е архитект кој дипломирал на тетовскиот универзитет и дека не покажал никаков интерес за политика. Исто така, познато е и дека Али Ахмети го крие семејниот живот подалеку од јавноста.

Ланското лето ДУИ објави дека се ребрендира во зелена партија која ќе се грижи за чистата животна средина, во која меѓудругото, приоритет ќе им се даде на обновливите извори на енергија.
Претходно опозицијата го обвини Ахмети дека во орманот за струја има диво приклучен кабел за електрична енергија, што беше демантирано од ДУИ.
Инаку изминатите денови операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО објави дека во изминатиот период добил барања од инвеститори за изградба на фотоцентрали и ветерници со капацитет од неверојатни 8.000 мегавати.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




