16 Јуни, 2025
0.0282

И СО 15 ГОДИНИ ИСКУСТВО – ПРВО ВОЛОНТЕР, ПА ХОНОРАРЕЦ: Најави за вработувања на средномедицински кадар има постојано, но за кого се работните места?

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Во време кога јавните здравствени установи мачат мака со недостиг од медицински кадар, а министерот за здравство најавува нови вработувања до крајот на годинава, медицинските сестри со долгогодишно искуство се принудени да бараат стабилна работа како „град на вода“. Наместо сигурност, ги пречекуваат понуди за волонтирање и договори на дело. Така, додека владата ветува 1800 нови вработувања, на терен стручните кадри се прашуваат: дали и оваа рунда вработувања ќе заврши како дел од политичкиот пазар или навистина ќе значи подобрување на условите во јавното здравство?

Светлана Т., медицинска сестра од Скопје со 15 години искуство, во разговор за Фактор вели дека не се надевала дека ќе мора повторно да се бори за работно место, и тоа во систем во кој, како што вели, „без партиска поддршка, тешко добиваш трајно вработување“. По години работа во приватна здравствена установа, каде што била преоптоварена со работа, особено со тешки пациенти, Светлана одлучила да даде отказ, не поради, како што посочува, недостаток на љубов кон професијата, туку поради условите што веќе не можела да ги издржи.
„Имам семејство, кредити, планирам и нов заем за станот, а банките не признаваат ништо ако не си трајно вработен. Кога побарав работа во ГОБ 8 Септември, ми понудија прво да волонтирам еден месец, па потоа да работам со договор на дело. За трајно вработување ми рекоа: кога ќе излезе конкурс, аплицирај си. Но, без никакво ветување. Јас не можам да прифатам такви услови. Ова е тежок и одговорен занает, со дежурства, празници, ноќи смени. Сакам трајно решение“, вели Светлана.
Таа отворено прашува: „Ако сега се најавуваат вработувања, дали тоа се реални вработувања или се резервирани за партиски кадри? Бидејќи повеќе од очигледно е дека луѓе како мене, со 15 години искуство, не сме први на листата.“

Инаку, министерот за здравство Арбен Таравари од почетокот на годинава најави дека до крајот на 2025 во јавното здравство ќе бидат вработени точно 1800 лица, односно 1180 средномедицински кадар и 600 специјализанти.

Во една од изјавите што ја даде минатиот месец, рече дека 20 јавни здравствени установи веќе имаат подготвени систематизации и можат веднаш да ги вработат првите 300 приватни специјализанти, главно гинеколози и кардиолози.
„Процедурите за вработувања течат, а некои болници веќе објавиле огласи.Вработувања ќе има континуирано, но засега тоа што е сигурно се 1180 средномедицински персонал и 300 специјализанти, како и уште толку на крајот од годината. Во здравството ќе има точно 1800 вработувања. Во меѓувреме ќе бидеме принудени да имаме и нови договорци зашто насекаде посебно ни недостасува средномедицински кадар“, рече Таравари на почетокот на април.
Тој посочи дека јавните здравствени установи ќе добијат нови кадри преку новите систематизации, од кои засега 20 се одобрени, а останатите ги чекаат процедурите во Министерството за администрација.

Најавените вработувања беа едно од главните ветувања во предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. По изборната победа, тоа ветување официјално влезе и во Програмата на новата влада, со најави дека ќе се спроведува континуирано до крајот на годинава.
Со хроничниот недостиг на медицински кадар, а од друга страна со постојаното иселување на доктори и медицински сестри, останува прашањето дали ветените вработувања ќе бидат решение за кадровско подобрување на состојбите за јавното здравство.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ПРИЛИВ НА ПОЛАДЕН ВОЗДЗУХ ОД СЕВЕР: Промена на времето од утре

ПРИЛИВ НА ПОЛАДЕН ВОЗДЗУХ ОД СЕВЕР: Промена на времето од утре

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети