И тие деца како и секое друго дете сакаат пица, чоколади, кино: Денис Космонаутко за неговата дружба со децата со аутизам

Објавено во: Стил 21 Септември, 2022 15:34
Уште откако јавноста го запозна како највеселиот лик во време на пандемијата кој се трудеше да ни ги разубави деновите, Денис Космонаутко никогаш не ги заборави лицата со аутизам, особено децата.
На 25 септември, во 11 часот на школка ќе се одржи настанот „Играме заедно“, кој е дел од иницијативата за подигнување на свесноста за лицата со атипичен развој, за нивно почитување, прифаќање и инклузија во општеството. Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје, заедно со здружението Аутизам ААМК, трета година по ред го организират.
-Настанот „Играме заедно е замислен како една гооолема игротека со многу разновидни активности, токму за тоа и што е наменета, за разновидноста. Ќе имаме многу игри како на пример „Не лути се човече“, плочка, домино, куглање, фудбалче, тактилни игри, кросфит, ќе местиме рубикови коцки како и Х/О. Освен играњето ќе имаме и ликовно катче но и музичка работилница, ќе бидеме и трагачи по скриеното богатство.
Секое дете на означениот старт ќе добие флаер со мапа со што го започнува своето учество на настанот. Може да оди каде сака, на било кој пункт со активност, да учествува колку сака. Каде и да појде ќе добие печат на мапата. По завршувањето со играњето со макар и еден печат оди на целта каде ќе добие симболични но многу интересни подароци. Значи она што треба да го направат децата е само да дојдат и да уживаат во секое катче од игротеката. Целото интервју прочитајте го на Женски магазин.
Можеби ќе ве интересира
„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите
