26 Ноември, 2024
0.0256

И ТИЕ СЕ СЕЛАТ: Сѐ потешко се наоѓа добaр професор по странски јазик

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Поради иселувањето, сѐ потешко се наоѓаат добри професори по странски јазици.

Со овој проблем се соочуваат многу приватни училишта за странски јазици во државата. Велат дека добрите кадри ја напуштаат земјата, и како што се одлева медицински персонал, така е и со наставниците.

„Добар професор по странски јазик освен што треба да има завршено Филолошки факултет, и да има искуство, треба да знае и да предава. Не е само да го има знаењето, туку треба да знае и да го пренесе. Тука може да станува збор и за млад професор, а да знае да пренесе знаење на соодветен начин. Луѓето си заминуваат во Германија, Швајцарија, и работат било што за почеток, а потоа може да се вработат и во некој центар за странски јазик. Ова е жално, но во Македонија ќе останат само старци“, велат од скопско училиште за странски јазици.

Професорите по странски јазици имаат големи можности за вработување во странство и нив им е многу полесно за разлика од кадрите кои немаат или имаат само мало познавање на одреден јазик. Си заминуваат поради економскиот момент, и можноста да заработат повеќе.

„Бараат работа кој ќе биде поплатена од она што сега го имаат, а потоа се прилагодуваат на одредена работна позиција. Заминуваат во Германија, Швајцарија, Австрија. Знаеме дека Германија нуди многу можности. Добар професор треба да го има и оној педагошко – психолошки момент, во спротивно предавањето ќе биде површно и сувопарно. Доколку ја нема таа компонента, тогаш професорот од група од 10 луѓе ќе мотивира 2-3 да го учат јазикот, но не повеќе. Зависно од тоа кој јазик го знаат, во таа земја и се насочуваат да бараат работа. Познавањето на јазик го олеснува вработувањето во странство. Освен англискиот, кој некако е ставен во втор план, сега се бараат германскиот и италијанскиот и тие ќе бидат јазици на иднината во Европа. Во секој случај познавањето на било кој јазик е богатство“, раскажува Донка Спасовска, сопственичка на агенцијата за посредување при вработување „Хоризонт“.

Зоран Кочоски од Коузон вели дека соочени со некоректните услови на домашниот пазар на труд, професорите по странски јазици мигрираат во други професии и избираат да работат во странство. Додава дека шансите професорот да замине од овде и да работи како професор во друга земја се мали, но како пример ја посочува Кина која барала и вработила професори по англиски јазик.

Кочоски објаснува дека мажите кои се професори по англиски јазик своето знаење го искористиле за да заминат во странство и да работат во компании каде меѓу другото се бара и познавањето на англискиот јазик.

„Германскиот јазик екстремно многу се бара, а оние кои го зборуваат италијанскиот јазик се вработуваат во фирми кои имаат интензивна комуникација со Италијанци“, вели Кочоски.

Наведува дека дел од професорите по англиски јазик се ангажирани како логистика за американски фирми, каде платите достигнуваат и до 2.500 евра.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу