20 Декември, 2025
0.0388

И ТОА Е МОЖНО: Непријавени работници во Агенцијата за вработување!

Објавено во: Економија 08 Септември, 2016 09:15

Добивај вести на Viber

Државниот ревизор откри и обелодени сериозни забелешки и неправилности во работењето на Агенцијата за вработување на чие чело е директорот Влатко Поповски.

14256487_10209873991102409_2005159674_n

Во ревизорскиот извештај за 2015 година, објавен пред два дена, утврдени се неправилности од дното, па се до врвот на Агенцијата за управување, односно од хигиеничарката до Управниот одбор.

14249076_10209874019023107_1351077871_n

Ревизорите констатирале дека Управниот одбор на Агенцијата е со „поминат рок“. Овој орган на Агенцијата за вработување има девет члена, кои ги именува Владата и по два претставници предложени од организацијата на работодавците и синдикатот. Мандатот им е четири години, но ревизијата констатира дека на три члена, меѓу кои и на претседателот им бил истечен мандатот, односно нивните гласови не биле легитимни при носење на одлуки. А, за еден од нив немало ни документ дека бил назначен на функцијата.

„Агенцијата функционира со Управен одбор во кој на дел од членовите им е истечен мандатот, така што органот на управување има донесено одлуки во текот на 2015 година, кои имаат влијание врз деловната политика и мандатот, како и на користење на буџетските средства.“, пишува во ревизорскиот извештај.

Од Агенцијата изјавиле дека во повеќе наврати се обратиле до надлежните институции одговорни за именување на членови на Управниот одбор, пред се до Владата, но оттаму немаат позитивен одговор и предлози за нови членови.

Понатаму, откриено е дека Агенцијата за вработување до лани делела плати по социјалистички принцип. Односно, платите на вработените се пресметувале и исплаќале согласно Правилници донесени од 1986 и 1987 година. Дури во август минатата година, било направено целосно усогласување на начинот на пресметка и исплата на платите. Во текот на ревизијата Агенцијата донела и акти за внатрешна организација и систематизација на работните места и направила нивно усогласување според Законот за административни службеници.

Она што е можеби најмала забелешка во ревизорскиот извештај, а всушност е најпарадоксално е дека се пронајдени непријавени работници во Агенцијата за вработување. Исплатени биле вкупно 643.000 денари (10.000 евра) за ангажирање на хигиеничарки и еден портир, без притоа да биде склучен договор за услуга согласно Законот за работни односи.

За работниците кои работеле на црно, ревизорите од одговорните лица во центрите за вработување добиле образложение дека одржувањето на хигиената во деловните простории било од посебна важност за Агенцијата.

„Според нив, ваквиот начин на постапување е неопходен, во услови кога од страна на надлежната институција не е можно да се добие согласност за финансиски средства за ангажирање на вработени.“, пишува во извештајот.

Според наодите на ревизорите, во Агенцијата „не се знаело кој пие, кој плаќа“. Ревизијата констатирала дека согласно финансискиот план за 2015 година била донесена одлука на Управниот одбор за право на трошоци за репрезентација на директорот и заменик директорот во износ од 320.000 денари или 5200 евра. Но, според документите до кои дошле ревизорите, цехот кој го направиле првите луѓе на Агенцијата за вработување бил многу поголем. Односно на име репрезентација биле искеширани 18.000 евра. Освен дебелата сума, ревизорите откриле дека Агенцијата нема ни правилник за репрезентација, па така од тоа чекмеџе покрај раководните органи трошеле и други вработени лица.

Како неправилност во работењето, наведено е и дека не се води сметководствена евиденција за набавка на пелети за затоплување на центрите низ Македонија. За една година вкупно биле набавени 130.995 килограми пелети за кои нема документација.

За што ги трошела Агенцијата за вработување големите суми на пари? Ревизијата констатирала дека 10 милиони евра или речиси 30 проценти од вкупно направените трошоци во 2015 година се однесуваат за финансирање на активни програми и мерки за вработување, проекти со кои Владата секојдневно не бомбардира по медиумите дека бројката на невработени од ден на ден е се помала. Големи финансиски средства Агенцијата добила од програмата за развој на Обединетите нации УНДП, но бидејќи ревизорите немале увид во документацијата на УНДП, не може да даде мислење за законското и наменското користење на буџетските средства, кои преставуваат 50 проценти од вкупниот износ на активните програми и мерки.

Државниот ревизор има забелешки и на нетранспарентноста на Агенцијата при спроведување на проектите, односно по кои критериуми се бираат кандидатите вклучени во обуките или изборот на фирмите.

Агенцијата за вработување имала голем број забелешки на ревизорските наоди и доставиле образложенија за своите постапки и одлуки, но најголем дел од нив Државниот завод за ревизија не ги прифаќа објаснувањата, а само мал дел од нив делумно ги уважува.

М.Ј.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба