И УКРАИНА САКА МИР: Зеленски формира проширена национална преговарачка група
Објавено во: Свет 19 Мај, 2025 20:24
Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави формирање на постојана проширена национална преговарачка група, која ќе работи на дипломатски напори за завршување на војната и воспоставување вистински и траен мир.
„Се одржа специјален состанок посветен на нашите дипломатски напори. Мораме да го искористиме секој механизам за мир и да покажеме јасна посветеност“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Москва е подготвена да работи на изготвување меморандум со Украина, кој би подразбирал и прекин на огнот.
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со американскиот колега Доналд Трамп. Разговорот, како што кажа Путин, бил суштински, отворен и исклучително корисен.Преговорите во Истанбул не дадоа ефект, освен што е договорена размена на затвореници, 1.000 за 1.000.
Можеби ќе ве интересира
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса




