16 Јануари, 2025
0.0255

И ВО МАКЕДОНИЈА СЕ БАРААТ СЕЗОНЦИ: Eве каде и колку можете да заработите

Објавено во: Економија 19 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Во земјава се бараат сезонски работници за берба на јаболка, грозје, аронија и друго овошје, во Ресен, Преспа, Берово, Кавадарци,  а дневно може да се заработат по 700, 800 до 1000 денари.

Во ресенско – преспанскиот крај ќе бидат потребни над 1000 берачи на јаболка оваа есен, иако на три локации паѓаше град кој направи штети и уништи дел од родот.

„Во Преспа бербата почнува на 27 септември. Се бере до 1 ноември, четири или пет недели, но ако се погоди една недела да врне, тогаш се пролонгира. Сезонците заработуваат по 800, 900 до 1000 денари, а со газдите договараат дали ќе има оброк, или сместување. Имаме луѓе од Источна Македонија, кои се вработени од Кочани, Свети Николе и тие земаат одмор, доаѓаат овде и берат јаболка. Но, тоа не е организирано, туку е стихијно.  Доаѓаа и луѓе од Албанија, и Македонци и Албанци, но сега тие се заминати во Италија, Грција на работа и ги нема“- вели Љубе Пампулевски, претседател на Здружение на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен.

И во Берово производителите на аронија мака мачат да најдат работници.

„Се бараат многу работници, а нив ги наоѓаме многу тешко, но немаме избор. Ги плаќаме по килограм набрана аронија, при што има работници кои ќе наберат 100 килограми, но има и други кои ќе наберат 30 до 40 килограми. Работници наоѓаме од овде од градот, и од селата“- објаснува Мирјана Дудуковска од Берово.

Одгледувачите на грозје во Кавадарци со берба почнуваат при крајот на август или почетокот на септември.

„Колку работници ќе бидат потребни зависи од родот и од годината. Работници доаѓаат од Струмица, Гевгелија, од соседните општини, а дневницата е 1000 денари“- вели кавадарчанец.

Во земјава иако се ретки, сепак има и ниви кои се засадени со лаванда за чие жнеење исто се исплаќа дневница од 1000 денари. 

Но, сите забележуваат дека младите многу не сакаат да работат, а криза за работници има во повеќе региони.

И на Балканот скоро секаде се бараат работници, па така во Србија за берба на малини се исплаќаат дневници од 2000 динари, односно околу 1000 македонски денари. Во Црна Гора од берба на грозје може да се заработи 25 до 30 евра дневница. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ЖИВЕЕ НА КРЕДИТ: Франција никогаш не била позадолжена

ЕВРОПА ЖИВЕЕ НА КРЕДИТ: Франција никогаш не била позадолжена

„НОВА ГОДИНА, НОВИ ПРАВИЛА“: ЕТИАС е поевтин од било која виза

„НОВА ГОДИНА, НОВИ ПРАВИЛА“: ЕТИАС е поевтин од било која виза

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија