И вработените во „Џонсон Мети“ одат дома
Објавено во: Економија 20 Март, 2020 18:18
Вработените во гигантот од слободните економски зони „Џонсон Мети“ се известени од утре да не доаѓаат на работа. Преку електронска пошта биле известени дека произведувачот на катализатори нема да работи 30 дена, дознава „Фактор“.
Во моментов странскиот инвеститор вработува 1.000 вработени, а познат е по тоа што во Македонија остварува убедливо најголема добивка - 97,77 милиони евра во 2018.
„Џонсон Мети“ е најголема компанија во земјава, и меѓу домашните и меѓу странските фирми, со обрт од милијарди евра. Во исто време, „Џонсон Мети“ е и најголем извозник од Македонија со околу една четвртина во вкупната структура на експортот.
Автомобилската индустрија во Европа привремено не работи, а во Македонија официјално „Кромберг и Шуберт“ и „Дракслмаер“ објавија дека нема да испорачуваат делови овој период.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




