06 Декември, 2025
0.3005

Идеја плус: Што да правите кога надвор врне дожд?

Објавено во: Стил 24 Октомври, 2014 16:38

Добивај вести на Viber

Сончевите и топли денови се фантастични, нели? Но, покрај фактот што целото лето е зад нас, а ни претсојат есента и зимата. Дождливите денови навистина го расипуваат вашето расположение, особено затоа што нема речиси ништо возбудливо што може да го правите. Ние имаме решение – 8 интересни предлози за активности кои можете да ги правите на дождливи денови.

1: Читајте

Знаете дека луѓето секогаш се жалат како сакаат да читаат, но никогаш не можат да најдат доволно време за тоа. Па, дождливите денови се вистинската можност за тоа.

2: Спијте

Дождот е вистинска можност да го надокнадите изгубениот сон, бидејќи најверојатно секојдневните обврски тоа не ви го дозволуваат. Вклучете го телевизорот и сместете се удобно на каучот. Го заслужувате тоа!

3: Уживајте во кадата

Доколку никогаш претходно не сте си подготвиле топла купка, тогаш не сте доживеале едно од најубавите доживувања во животот. Бидејќи нема каде да отидете поради дождот, тогаш одвојте време за релаксирање. Наполнете ја кадата со топла вода, ставете малку миризливо масло, пуштете музика и ќе бидете подготвени за уживање.

4: Гответе за целото семејство

Готвењето е друга интересна активност која може да ви го окупира времето додека врне. За да го направите уште позабавно, може да го поканите целото семејство и да им го зготвите најубавиот оброк во животот. Вака ќе имате можност и да поминете повеќе време со оние кои ви значат во животот, но поради обврските не сте ги виделе подолго време.

5: Вежбајте дома

Вежбањето ќе го исполни вашиот ден, ќе придонесе за подобро здравје и дефинитивно ќе го подобри вашето расположение.

6: Играјте игри

Игрите се одлична забава за целото семејство и за пријателите. Вака вашиот ден ќе биде исполнет, забавен и возбудлив.

7: Одете на шопинг

Сигурни сме дека го сакате шопингот, а затворените трговски центри се одлична можност да уживате во него и кога врне.

8: Шетајте на дождот

Прошетките на дожд се навистина неверојатно искуство – тие се забавни, ве релаксираат и можете да ги избегнете големите гужви на улиците. Некогаш е добро да бидете безгрижни.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: