Добивај вести на Viber
Македонија има голем ИТ потенцијал што придонесува за атрактивноста на земјата и пласирањето на поголем број на странски директни инвестиции од областа на ИТ секторот, беше кажано денеска на прес-конференција на Сојуз на стопански комори на Македонија.
Неопходноста од развој на информатичкиот сектор е од суштинско значење, почнувајќи од бизнис секторот како најголем корисник на информатичките технологии, па се до домаќинствата. Според податоците од Државниот завод за статистика за 2015 година, 64,9 % од домаќинствата имале пристап до интернет, 70,4% од корисниците на возраст од 1574 години користеле интернет како и 93,5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени, користеле интернет. ИТ секторот има значаен удел во градењето и растот на БДП во земјата, и е еден од секторите кои најмногу придонесуваат за намалување на невработеноста, а уште повеќе за зголемен технолошки развој на земјата.
„ИКТ секторот на европско ниво учествува со пет отсто во градењето на БДП годишно, со 20 % во растот на БДП и со дополнителни 30 % во инвестициите во ИКТ секторот. ИТ секторот е постојано во движење, новите работи пристигнуваат и нивната примена е голема. Податоците во облак се влеваат во компјутерите на компаниите и на приватните корисници. Исто така, се работи на системи кои ќе им го олеснат купувањето во супермаркети на слепите луѓе преку апликација на смартфоните со вградена камера која ќе ја скенира околината и ќе ги одведе до бараната полица, со нивно изговарање на потребниот производ. Понатаму, имаме информација за вршење на нарачките онлајн преку дрон со инсталација на систем на далечинско управување. Како проект е исто така и изнаоѓање начин за вршење достава на производи кои со овозможен програм ќе бидат ладни од моментот на испорачката до добивањето на производот од страна на купувачот“ - беше кажано на пресот.
ИКТ комората континуирано доставува предлози и мерки кои ќе го унапредат ИТ секторот во Македонија, и истите придонесуваат за развој на домашните ИТ компании, за поттикнување на нивната иновативност, а дополнително има позитивно влијание за привлекување на странски компании да инвестираат во Македонија.
На иницијатива на Сојуз на стопански комори беше изготвена краткорочната ИКТ стратегија 2016 – 2017 година, со поддршка на Швајцарската амбасада, и дадени се предлогмерки од приватниот сектор за побрз и подинамичен начин да се трансформира знаењето на дипломците.