19 Април, 2024
0.0304

ИФЦ: Во земјите во развој до 2020 нови 600 милиони работни места

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Вработувањето во земјите во развој може да се забрза доколку креаторите на политиките и развојните институции како приоритетна цел си го постават отстранувањето на клучните пречки за растот со кои се соочува приватниот сектор, покажува новата студија на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска банка.

„Оценка на придонесот на приватниот сектор кон создавањето нови работни места“, лошата клима за инвестирање, несоодветната инфраструктура, ограничениот пристап до финансирање за микро, мали и средни претпријатија, како и ограничената обука и квалификации, се четирите пречки со кои особено се судира приватниот сектор при обидот да создаде нови работни места. Нивното елиминирање може значително да придонесе во креирањето нови вработувања.

Студијата излезе денеска како надополнување на ланскиот Извештај на Светската банка за глобалниот напредок во 2013 година во вработеноста.

На светско ниво има околу 200 милиони невработени луѓе. Според проценките на Светската банка, само за да се биде во чекор со порастот на населението, до 2020 година мора да се создадат 600 милиони нови работни места, главно во земјите во развој.

- Невработеноста е глобална криза, особено ургентна во најсиромашните земји. Како најголема светска развојна институција сконцентрирана на приватниот сектор, нашето верување е дека најсигурниот пат за излез од сиромаштијата го обезбедува содавањето нови работни места. Неговата промоција во земјите во развој за нас е врвен приоритет, рече Жинјонг Каи, извршен потпретседател на ИФЦ и генерален директор.

Согласно студијата, микро, малите и средните претпријатија (ММСП) го создаваат најголемиот број работни места во земјите во развој, но тие се и помалку продуктивни, даваат помали плати и не нудат доволно обука и можности за унапредување на своите вработени. Помалите фирми често се и најпогодени од пречките за создавање нови работни места, што значи дека не се во состојба да го достигнат својот полн потенцијал.

Најголемиот број нови работни места се создаваат во рамки на ланците на набавка и дистрибуција на фирмите.

Недостатокот на енергија е најзначајниот ограничувачки фактор во земјите со пониски приходи. Обезбедувањето сигурен достап до енергија за фирмите би можело да го зголеми годишниот пораст на вработеноста за најмалку 4 отсто.

Жените и младите се соочуваат со посебни предизвици во вработувањето. Законските бариери, немањето пристап до финансии и културните норми често ги присилуваат жените да прифаќаат работни места кои се помалку платени и понесигурни. За младите луѓе постои скоро три пати поголема веројатност да бидат невработени. За нив е поголема и веројатноста да работат привремено.

Студијата открива дека секоја година работната сила се зголемува за 45 милиони луѓе. Сепак, повеќе од една третина од испитаните фирми насекаде во светот не биле во можност да најдат луѓе за вработување со квалификациите што им биле потребни.

Истражувањето е направено врз искуствата добиени од преку 45.000 деловни субјекти во над 100 земји, како и врз макро и микро студии на примери од праксата, спроведени во Јужна Азија, Африка и на Блискиот Исток.

Студијата ги анализира факторите на ограничување со кои се соочува приватниот сектор во земјите во развој со акцент на оние фактори на ограничување, најповрзани со создавањето нови работни места, кои може да бидат предмет на работа на развојните финансиски институции свртени кон приватниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН