17 Мај, 2024
0.0266

Видео: Игор Џамбазов признава – Да небеше тој, немаше никогаш да се вратам

Објавено во: Стил 26 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Вистинско шоу не очекува оваа недела во 19.40h на тв Алфа, во новата епизода од Еден на Еден. Гостин - Игор Џамбазов. http://www.youtube.com/watch?v=43ipVGHoNso И како тоа да не е доволно само по себе, од екипата на YouTube поставија и видео во кое игор зборува за тоа како некој мистериозен човек е виновен за неговото сегашно постоење на сцената. Во видеото Џамбазов признава дека да не бил истиот, Игор сега би живеел како обичен работник во Виена, Австрија. Кој е македонецот што го вратил Игор од Виена за денеска да е најголемата домашна ѕвезда, дознаваме во недела, во Еден на Еден. Понатаму, Игор ќе открие интересни детали за турнеите со Игор енд френдс, кога времето било полиберално и групата можела да настапува со завидна количина забранети супстанци во нив, за моментите кога заедно со Бранко Ѓорчев требало да бидат избркани од академијата на драмски уметности, за неговото разочарување од националниот сервис и неспособноста да се организира ЏИШ на начин каков тој го замислил, а специјално појавување ќе има и Сељакот, популарниот непријател на Игор...
Во продолжение на шоуто свое гостување ќе има и менталистот/магионичар Душан Петровски, кој ќе изведе неколку неверојатни трикови и ќе открие како можете истите да ги направите и вие.Бидете подготвени за одличен телевизиски час во недела, а дотогаш погледнете ја повторно минатата епизода од Еден на Еден со Влатко Стефановски и Александар Поповски - http://youtu.be/8SA-qYCJWWc