Игор Спасов живеел во стан на жена, Министерството за правда ја подготвува документацијата за екстрадиција
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2021
Министерството за правда ја подготвува документацијата за екстрадицијата на Игор Спасов, убиецот на Мартин нешковски, кој во меѓувреме избега додека беше пуштен на лекување од затвор и за кого вчера беше објавено дека е уапсен во Софија.
- По добиената информација утрово од МВР, нашето министерство ја собира потребната документација за екстрадиција која треба да биде испратена до бугарсткото Министерство за правда. Рокот за тоа е 40 дена. Понатаму бугарското министерство одлучува дали и кога ќе го екстрадира споменатото лице, кое во моментов е во притвор во Бугарија, гласи одговорот кој го добивме од Министерството за правда.
Поранешниот полицаец е осуден на 14 години затвор за убиство.. Бугарските медиуми објавуваат дела се испоставило дека живеел во стан на жена во Софија. Тоа се совпаднува со денешните објави на бугарските медиуми дека таму бил пријавен за семејно насилство. Претходно во Бугарија влегол од Турција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.