05 Декември, 2025
0.0938

Игрите може да започнат, кој ќе застане на тронот во „Белата палата“?

Објавено во: Анализа 11 Декември, 2017 07:45

Добивај вести на Viber

Откако Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја прифати оставката на досегашниот лидер Никола Груевски партијата го започнува процесот на пронаоѓање на нови кандидати кои ќе побараат поддршка од над 500 делегати на Вонредниот конгрес кој ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово. За претседател на ВМРО-ДПМНЕ практично може да се кандидира секој, а пред конгресот тоа ќе може да се направи и со добиена поддршка од членството, како и преку формалните процедури во партијата. 

ВМРО-ДПМНЕ сепак, во овој период не успеа да ги вклучи во процесите незадоволните групи на членови кои бараат реформи и промени, враќање на внатрепартиската демократија и легитимизирање. Тоа може да доведе до нови поделби, но и кочница од старт за било кој кандидат што ќе успее да собере доволно гласови од делегатите да го предводи ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. 

Без препознавање на Реформаторите, ФРОДЕМ или било кои други незадоволни членови ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочи со нова серија на критики и ќе делува како затворена партија која не е подготвена на критики и тоа од самите „вмровци“ што може да доведе до нови поделби во десницата. 

Додека јавноста сака да прогнозира и да си игра со повеќе имиња кои изминатите денови се вртеа како можни наследници на Груевски, членството кое бара промени е незадоволно бидејќи не смее партијата повторно да се води како досега. 

Симптоматични беа и изјавите на Антонио Милошоски дека пред Конгресот ќе се преземе се за да се сочува единството во партијата што дава сигнали дека има турубленции и незадоволство. Исто така „шкрипење“ има и со дел од порадикалното членство или барем за таков се смета Филип Петровски кој по последните јавни настапи самиот говореше дека се соочува со првите дози на притисок од партијата.

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе има тешка задача да ја одржи партијата обединета, да ги задоволи потребите на различните крила со различни идеи за тоа како треба да се функционира против „режимот“ на Заев и дали опозицијата ќе игра конструктивно или пак ќе се реши на подраматични чекори со бојкот на Собранието и политичкиот дијалог. 

Секако, игрите може да започнат, кандидатите ќе ги засилат своите активности за лобирање со претпазливост да не ги оттуѓат останатите крила во ВМРО-ДПМНЕ и да ја продолжат трката се до одлучувачките моменти пред самото гласање на конгресот. Во оваа трка се очекува притисок да извршат и сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ кои би поддржале одредена струја со што на кандидатот ќе му се даде можност да ја поправи сликата за партијата на меѓународната сцена.

Автор: Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени