20 Декември, 2025
0.0327

ИКЕА го забавува ширењето, Македонија, Албанија и Косово надвор од планот?

Објавено во: Балкан 02 Септември, 2013 22:44

Добивај вести на Viber

Шведскиoт производител на мебел ИКЕА планира да го забави темпото на проширување на мрежата на продавници во светот. „Компанијата ќе обрне поголемо внимание на квалитетот на постоечките места", рече новиот главен извршен директор, Питер Агнефјол, во интервју за Фајненшал тајмс. Неговиот претходник во тоа место, Мајкл Улсон изјави дека компанијата си постави цел да отвора 20-25 продавници годишно. Според британскиот весник, оваа година беа отворени само пет нови продавници. За новиот директор, Икеа верува дека растот треба да вклучи повеќе од само обично ширење. Тој изрази надеж дека продажбата на компанијата оваа година ќе се зголеми за 10 отсто, а во 2020-та ќе се удвои и ќе достигне 50 милијарди евра. Во 2012-та приходите на Икеа достигнаа 27,6 милијардиевра, а во 26 земји имаше вкупно 298 продавници. Во последната финансиска година (од 1 септември 2011-та до 31 август 2012) Икеа, според своите податоци, отворила 11 нови продавници во девет земји. Во Македонија освен непотврдени најави, засега нема официјална потврда дека ќе се отвора салон на ИКЕА . Во моментов се градат продавниците во Хрватска, а одредени се и локациите за новите салони на ИКЕА во Србија. Од земјите во соседството ИКЕА има свои продавници и во Грција и Бугарија. Македонија, Албанија и Косово остануваат без продавници на шведскиот производител.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација