17 Мај, 2024
0.0284

ИКЕА: Монтажна куќа за цена пониска од 1000 долари!

Објавено во: Стил 31 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Шведската компанија ИКЕА во соработка со УНХЦР, по две години на истражување, е подготвена за масовно производство на мали и евтини куќи по цена од 1000 долари. За развој на проектот,компанијата потроила 4. 5 милиони долар. Сепак, евтините куќа, треба да им овозможат на корисниците сами да ја монтираат куќета, што е вообичаено за ИКЕА-производите. Куќата ќе се добива во картонска кутија, во која ќе се содржат сите делови, а целта на производот е бегалците од многу земји да добијат подобро и потрајно место на живеење од шаторите кои се моментално во употреба, но се очекува наскоро и да стане начин на живот во многу земји. По повеќе од две години на истражување и дизајн во партнерство со УНХЦР (Високиот комесар на ОН за бегалци на Обединетите нации), новата куќа е подготвена за масовно производство За разлика од нетрајните шатори во бегалските кампови, кои чинат 70-400 долари, куќата на ИКЕА без проблем трае три години и предвидената  цена по почетокот на масовното производство околу 700 долари. Производство на новите куќи  кои треба да се достават во четири кутии тешки 100 кг, сега чини повеќе од 5000 долари, но на пазарот веќе има вакви куќи и по 1000  долари во кои може да се смести едно семејство од пет члена.