15 Декември, 2025
0.1138

Ико Брдаровски: Како до успешно селектирање на отпадот? Кои се иновациите во управувањето со отпад

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2025 12:03

Добивај вести на Viber

Во современото општество, управувањето со отпадот претставува еден од најголемите предизвици за одржлив развој. Во Македонија, каде што стапката на рециклирање е ниска а депонирањето отпад е доминантен метод на сите нас, потребни се иновативни пристапи и зголемена едукација на населението за да се подобри ситуацијата.

Според податоците за комунален отпад, само мал процент амбалажен отпад се рециклира, додека остатокот завршува на депонии кои не ги исполнуваат стандардите на развиените земји. Оваа состојба не само што има негативно влијание врз животната средина туку и ја потенцира потребата за подобрување на системите за селекција и рециклирање на отпадот.

Едукацијата на граѓаните е од суштинско значење за успешна имплементација на системите за селекција на отпадот. Иницијативите, како оние на Пакомак, за подигнување на свеста, особено оние насочени кон младите, можат да помогнат во создавање на култура на одговорно управување со отпадот. Преку работилници, едукативни програми во училиштата и јавни настани, граѓаните можат да се информираат за важноста на селекцијата и рециклирањето, како и за правилниот начин на селектирање и одвојување на различните видови амбалажен отпад. Пакомак има поставено инфраструктура контејнери во три бои, зелен за стакло, син за хартија и картон и жолт за пластика и лименки. Овие контејнери се поставени низ градовите, општините и поттикнуваат развивање култура на селекција на амбалажниот отпад.

Покрај едукацијата, воведувањето на технолошки иновации може значително да го подобри процесот на селекција и рециклирање. На пример, Пакомак постави Повратни вендинг машини за селективно одложување амбалажен отпад, каде граѓаните можат да ги одложуваат пластичните шишиња и лименки во замена за одредени бенефиции. Досега се поставени 70 машини во 15 различни општини, а во текот на оваа година предвидено е да се постават уште најмалку 15, со цел да се обезбеди можност за иновативно одложување на отпадот на што повеќе луѓе.

Ова претставува еден од начините за поттикнување на селекција на амбалажниот отпад. Овие машини ги мотивираат граѓаните активно да учествуваат во понатамошното управување со отпадот со тоа што им дава можност да бидат наградени со „зелени поени“ за секое парче отпад кое ќе го одложат. А потоа, корисните преку бесплатната мобилна апликација ЕкоМак можат да одберат како ќе ги искористат овие поени. ЕкоМак во овој момент има 47.000 регистрирани корисници, а секој месец се регистрираат околу 1.000 нови профили од луѓе кои знаат колку е важно да се биде еколошки одговорен. Со имплементирањето на ПВМ заедно со „зелените поени“, Македонија стана првата земја во светот каде што овој систем успешно функционира и веќе зема силен замав во јавноста. Поставувањето на ПВМ на Пакомак е поддржано од Швајцарската амбасада, која е дел од оваа иницијатива уште од самиот почеток и дава ветар во грб за проектот да се реализира со голема успешност, како и досега.

Селекцијата на отпадот е исклучително важен чекор кон одржливо управување со ресурсите и заштита на животната средина. Преку комбинирање на едукацијата и иновациите, Македонија има голем потенцијал значително да ја подобри стапката на рециклирање и да го намали количеството на отпад што завршува на депонии. Секој од нас има улога во овој процес и преку заеднички напори, можеме да создадеме почиста и позелена иднина за сите.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ: Еве како да ја негувате кожата и зглобовите

ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ: Еве како да ја негувате кожата и зглобовите

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство