Или за криење или за прошетка: Ова се најдобрите места за 21-ви декември!
Објавено во: Стил 20 Декември, 2012 13:09
Планината во Турција се смета за местото каде што Ное го изградил својот брод. Верските авантуристи редовно бараат останки од ковчегот во околу 5200 метри високата планина. Ако не и верувате толку многу на историјата, можете да си направите убава прошетка таму. И ако Апокалипсата дојде во форма на поплава, тука е гарантирано дека нема да си ги намокрите нозете бидејќи е превисоко.
Чичен Ица, Мексико
Маите изградиле пирамида со 365 чекори кои треба да го претставуваат секој ден од годината. Два пати годишно зраците на сонцето паѓаат, така што формираат сенка на желка, која се искачува по скалите на храмот. Ова место сигурно е доказ дека Маите добро го познавале својот календар.
„Global Seed Vault“, Норвешка
На 1300 километри од Северниот Пол, во средината на вечниот мраз, се наоѓа „Global Seed Vault". Може да звучи како научна фантастика, но оваа подземна скривница може да се сместат 4.5 милиони различни семиња. Отворена во 2008 година, нејзината цел е да заштити генетскиот диверзитет.
Градителуте барале место кое е обезбедено од поплави, сеизмичка активност и други природни катастрофи. На температура од минус 18 степени Целзиусови семето можат да издржи вечно. Сепак ако решите да дојдете овде, никако не заборавајте да си земете топла облека.
„Ayers Rock“, Австралија
Црвениот „Ayers Rock“ се наоѓа во средината на Австралија и има длабоко духовно значење за Абориџините. Ова место се смета за една од силите на земјата и ги собира во себе минатото, сегашноста и иднината. Според легендата, ова место е вечно!
Капитол, САД
Откако беше изграден туристичкиот центар (Visitor Center) во Капитол во 2008 година беше откриена тајната на објектот. Три катови се изградени под земјата, а за третиот кат се тврди дека е таен кат за лична употреба на конгресмените кои имаат засолништа за итни случаи. Посетителите ќе имаат можност да ја разоткриваат мистеријата преку посета исклучиво со туристички водич.
Пирамидите во Гиза, Египет
Од филмот „Стар Гејт“ знаеме дека пирамидите се нешто повеќе од царски гробници, тие се и портал на други планети!? Како инаку можеме да го објасниме мистериозниот премин од гробот кон небото!? Ако светот навистина заврши оваа година, сосема е разумно лице да заминете во овде. А кој не верува во пророштвото, барем ќе види едно од најголемите светски чуда.
„Vivos Shelter“, САД
Т.н. место "Vivos Shelter" се наоѓа во Небраска. Кој се плаши од 21 декември, може да си купи стан таму, кој е отпорен на засега сите познати природни сили, како на пример вулканската ерупција. Секој апартман таму е удобно опремен и има своја винарска визба. Постои и опција за чување на ДНК, како и вклучен годишен фонд на замрзнати шпагети. Тоа би ви чинело 25 000 долари по човек.
Седона, САД
Кој се измачува од страв, треба да оди во Седона и да остави локалните магични сили да се развјат за да го смират!? Според Индијанците, црвените карпи секогаш се фокусираат на земјината енергија. Денес таму има многу духовни центри и метафизички-ориентирани книжарници. Областа нуди и убави пејзажи за оние кои сакаат да се прошетаат, наместо да се грижат за крајот на светот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





