Илир Хасани станува бизнисмен, ќе гради фотонапонска централа во Куманово
Објавено во: Економија 02 Септември, 2022 07:30
Поранешниот заменик-министер за здравство Илир Хасани се приклучува во новите бизнис-трендови во земјата и ќе гради фотонапонска централа во Куманово, потврдува трауматологот за „Фактор“.
Зад „Некст Ера Солар Систем“, освен доскорешниот владин функционер, како ко-сопственик се јавува и членот на Советот на Општина Куманово од редовите на ДУИ, Ридван Дервиши.
- Самата држава во денешно време дава такви иницијативи и јас сакам да помогнам во енергетската криза. Освен тоа, секогаш сум бил еколошки настроен, па дури и моите автомобили сакам секогаш да бидат во чекор со зачувувањето на животната средина. Но, ова е проект кој е во самиот почеток и има уште многу време додека да се етаблира, вели Хасани.
Тој додава дека се уште не се знае со колкав производствен капацитет ќе биде централата и дека се ќе зависи од неговата и од финансиската расположливост на неговиот партнер.
- Најважно е тоа што тука нема ништо противзаконски, затоа што повеќе не сум директор, ниту пак извршувам каква било друга функција. Останува да ги комплетираме постапките што следуваат за да се стекнеме со статус повластен производител, додава Хасани.
Тој беше втор човек во Министерството за здравство кога министеруваше Венко Филипче. Во февруари на местото на Хасани назначен беше Владимир Рендевски, а претходно Филипче беше заменет од Беким Сали.
Во периодот од 2011 до 2017 година Хасани беше раководител на Ургентниот хируршки центар, а потоа e именуван за директор на Клиниката за ТОАРИЛУЦ и назначен за национален советник на министерот за здравство. Од септември 2020 година ја извршуваше функцијата заменик-министер за здравство.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




