Илјадници Бугари на масовен протест во Софија против воведување на еврото
Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2025 13:24
Повеќе од две илјади демонстранти се собраа вчера на централниот плоштад во Софија протестирајќи против одлуката на владата за воведување на еврото, барајќи за оваа одлука да се одлучи на референдум. Европската унија го одобри воведувањето на еврото во Бугарија на 1 јануари.
Демонстрантите, предводени од граѓански здруженија, националистички и проруски партии познати по своето противење на воведувањето на еврото, објавија дека планираат да постават шатори на централниот плоштад и да го претворат во „Град на левот“ – по името на бугарската валута.
На плоштадот беше поставен транспарент со натпис: „Битката за бугарскиот лев е последна битка за Бугарија“.
Лидерот на проруската партија Препород, Костадин Костадинов, рече дека со воведувањето на еврото, „некој друг ќе одлучи како ќе ги трошиме парите, а бугарскиот буџет ќе биде одобрен од Европската централна банка. Тоа е државен удар, предавство“.
Костадинов рече дека претставници од Германија, Литванија, Романија, Чешка, Словачка и Унгарија дошле на протестот во Софија.
Бугарија е членка на Европската Унија од 2007 година и сега е во последната фаза од пристапувањето кон Еврозоната. Последната институционална одлука ќе биде одобрувањето од Европскиот парламент во Стразбур и Советот за економски и финансиски прашања во Брисел на 8 јули. Европскиот совет веќе даде јасна поддршка за влезот на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2026 година.
Во текот на речиси две децении членство во ЕУ, Бугарија се соочи со политичка нестабилност и корупција, поттикнувајќи го евроскептицизмот кај нејзините 6,4 милиони граѓани.
Бројни тврдења на противниците на еврото сега се шират на социјалните мрежи, кои поттикнуваат страв од економски промени кои, според нивните тврдења, би можеле дополнително да ја зголемат сиромаштијата. Економистите сметаат дека приклучувањето кон Еврозоната нема да донесе значајни промени во бугарската економија на краток рок.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





