ИМ СЕ ЗАКАНУВА ЛАВИНА: 10.000 туристи „заглавени“
Објавено во: Свет 05 Јануари, 2018
Лавина во Италија им се заканува на туристите кои се заглавени во ски центрите.
Во Червиниа има 10.000 туристи кои се „заглавени“ во местото каде има над 2 метри снег.
Војската ги чисти остатоците од одроните.
И во Тирол во Австрија се закануваат лавини. Бурата Еленор претходните денови направи хаос во Европа и однесе неколку жртви. Оваа недела ветровите дуваат со 160 км на час во Велика Британија и со 147 км на час во Франција.