Има четири симптоми кои укажуваат дека некој е заразен со омикрон
Објавено во: Свет 17 Декември, 2021 15:22
Ако имате блага болка во грлото, замор, болки во мускулите слични на грип и блага треска можно е да сте заразени со омикрон сојот на коронавирусот.
Тоа се најчестите симптоми кај пациентите заразени со омикрон, кои се лекувани во неколку индиски болници. Од 14 заразени во болницата во Мумбаи, осум биле асимптоматски, а 13 биле пуштени на домашно лекување. ЦТ на белите дробови покажа дека ниту еден пациент нема промени, што може да значи дека омикрон не предизвикува тешка пневмонија како некои претходни соеви на коронавирусот. Од 35 случаи во другата болница, половина немале симптоми. Но, ниту еден пациент не го изгубил чувството за мирис или вкус.
Омикрон го има во над 80 држави во светот. Расте бројот на заболени со омикрон во регионот во Грција, а пет случаи веќе има и во Црна Гора. Овој сој ги менува очекувањата за крај на пандемијата. Во пресрет на празниците, многу земји воведуваат рестрикции.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




