15 Декември, 2025
0.0317

Има ли доволно работа за дадилките во време на пандемија?

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2021 07:38

Добивај вести на Viber

Откако почна пандемијата на коронавирусот, беше турбулентно и за дадилките кои се грижат за чување и воспитување на деца.

Прво останаа без работа, затоа што родителите користеа дел од мерките на Владата,  и можеа да бидат дома и самите да се грижат за своите деца, а потоа повторно се појави потреба од ангажирање на дадилки поради затворањето на градинките. Сега чекор по чекор работата се враќа во нормала, иако градинките не работат сo полн капацитет како претходно. Дека се бараат дадилки може да се види и од огласите на интернет. Најголема потреба од ангажирање на жени за чување на деца има во главниот град.

„Луѓето кои работат од дома, посебно оние кои работат за странски фирми имаа потреба од дадилка да се грижи за децата, за да можат тие воопшто да работат. Бидејќи сме во време на пандемија, имаше и некои посебни услови, во смисла родителите бараат дадилката да живее блиску, да не патува со јавен превоз, а беше зима и тоа беше малку потешко. Сега е веќе полесно, времето е топло и дадилката може и со велосипед да отиде до работа“, вели Сања Аризанов, претседателка на Здружение на граѓани Македонска асоцијација на дадилки Скопје.

Таа објаснува дека луѓето обично бараат дадилки кои веќе имаат свое дете или пак имаат искуство со чување на деца, со цел полесно да се адаптираат. Меѓу дадилките кои се нивни членови има млади на возраст од 20 години, но и повозрасни.

„Кај нас 80 до 90 отсто од луѓето бараат дадилки кои се на возраст од 30, 35, до 55 или максимум 60 години. Додека ако се работи за странци, тие немаат предрасуди и даваат шанса и на младите“, додава Аризанов.

Во Здружението на граѓани Македонска асоцијација на дадилки Скопје има 117 членови, од кои мнозинството се од главниот град, а дел се од внатрешноста. Половина од нив имаат работен ангажман. Но, Аризанов вели дека дадилките не се формално вработени и тоа е проблем за нив и за државата, затоа што и тие спаѓаат во сивата зона.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“