17 Мај, 2024
0.0488

Има ли ефекти од странските инвестиции во ТИРЗ?

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Агенцијата за странски инвестиции го крие вкупниот број на врабоотени во компаниите што работат во Технолошко индустриските зони, како и висината на платите. Тоа се сметало за деловна тајна. Ваков одоговор добиле од невладината Македонски центар за европско образование - МЦЕО, од каде сакале да направат анализа на придобивките од доделената регионална помош, за што им биле неопходни овие параметри. „Одговорот кој го добивме е дека ваквата информација е деловна тајна, иако за создавање на овие работни места се вложени државни пари и согласно Законот за државна помош, обврзани се да водат евиденција за новосоздадените работни места, стои во извештајот на невладината организација, наведуваат Диана Близнаковска и Александар Колекески, автори на истражувањето. Авторите констатираат дека недостасуваат позитивни ефекти од странските директни инвестиции, а при тоа се повикуваат и на извештаите од меѓународни институции. „Недостатокот на позитивни ефекти од странските инвестиции се нотирани во Извештајот за напредокот на РМ од Европската Комисија од 2014. „Развојот на домашната економија зависи од креирањето на врски помеѓу странските директни инвестиции и локалните бизниси, кое пак подразбира Владата и локалните бизниси да работат на развој на високо продуктивни акции и на усогласеност на вештините на работниците со бараните вештини од страна на странските инвеститори. Ваквата констатација е уште еднаш потврдена и од Меѓународниот монетарен фонд во нивниот извештај од јуни“, наведуваат Близнаковска и Колекески. Во однос на условите за работа, во извештајот е наведено оти се чини дека македонските работници работат за минимална плата и без заштитени работнички права. Наведувајќи го при тоа случајот со Дрекслмаер. Инвестиција од 35 милиони евра со 3.500 работници. Но, според изјави на вработените платите се движат од 7.000 денари до 9.000 денари, односно во законскиот минимум. Дополнителни тешки услови се и фактите дека тие работат подолго од 40 часа, понекогаш и без ден за одмор, понатаму не им исплатуваат ветените бонуси за прекувремените саати. При последниот обид за штрајк поради неисплатените прекувремени саати на работа, 60 тина работници добија отказни решенија. „Евтината работна сила е адутот на Владата за привлекувањето на странски директни инвестиции. Самата Влада ја промовира нашата земја како земја со евтина и квалификувана работна сила која зборува странски јазици, пишуваат авторите. Како се дели државната помош за странските компании? Според законските правила во земјава, државната помош може да изнесува максимум 50 % од оправданите трошоци или од трошоците за плата за ново отворените работни места за период од две години. Но, во Македонија не може да се пресмета точната сума што компаниите ја добиваат во вид на државна помош. „Транспарентноста на Владата во однос на доделените средства и достапноста до информации во однос на оваа област е многу ниска. Иако се работи за пари на граѓаните, државната помош во вид на материјални и нематеријални средства која ја добиваат инвеститорите е тајна за граѓаните на РМ, а понекогаш се подведува и како деловна тајна, стои во извештајот на МЦЕО. Но, авторите на извештајот Диана Близнаковска и Александар Колекески, наведуваат дека загрижувачки е тоа што нема желба кај Владата,а не е активна ниту Комисијата за заштита на конкуренција да го контролира преминувањето на прагот од 50% доделената државна помош од вкупниот износ на инвестицијата.  Близнаковска и Колекески, потенцираат и дека неправилности утврдил и самиот Државн завод за ревизија, кој евидентира нерегуларности во работата на Агенцијата за странски инвестиции . Во извештајот на ДЗР беше наведено дека: „Не се води евиденција за видот и висината на доделената државна помош по поединечни приматели- корисници на Технолошко индустриски зони, во кои треба да бидат вклучени не само исплатените парични средства на има грант обезбедени од буџетот на Агенцијата туку и податоците од УЈП и Царината. Не се преземени активности за обезбедување и проверка на работата и обврските од инвеститорот, од аспект на вредност на инвестицијата и бројот на Какви поволности добиваат компаниите во слободните зони во Македонија Поволностите кои се нудат во Македонија за привлекување на странски инвеститори се едни од најповолните во Европа и во регионот и вклучуваат:
  • 10 години даночни ослободувања – Инвеститорите во ТИРЗ се ослободени за период од 10 години од плаќање на данок на добивка и 100% се ослободени од персонален данок на доход за период од 10 години, така што ефективната стапка на персоналниот данок на доход изнесува 0%.
  • Земјиштето во ТИРЗ во Република Македонија се дава под долгорочен закуп за период до 99 години.
  • Инвеститорите се ослободени од плаќање на надомест за уредување на градежното земјиште кон единиците на локалната самоуправа, како и од надоместоци за добивање на градежни дозволи.
  • Бесплатен приклучок за гасовод, водоводна и канализациона мрежа.
  • Владата на Република Македонија учествува во трошоците за градба на корисниците во ТИРЗ во висина до 500.000 евра, во зависност од бројот на нови вработувања и висината на инвестицијата на корисникот.
  • Царински зелен канал за стоките
Слободни зони во Ирска и Полска Во Европската Унија во моментот постојат околу 74 слободни трговски зони, кои функционираат во различни форми и под различни правила, но сите правила се кодифицирани во согласност со Царинскиот кодекс на заедницата (ЕУ). МЦЕО, анализира дека во Ирската слободна зона Шанон, што функционира од 1959,има 100 компании каде се вработени околу 7.200 работници. Компаниите добиваатбенефиции како 10% данок на добивка и ослободување од Данок на додадена вредност при увоз на стоки. Исто така инвеститорите во оваа зона може да добијат грантови за Истражување и развој за обуки на вработените. Со цел да ги уживаат бенефициите од зоната тие мора да создадат нови работни места и да се извозно ориентирани. Друга европска земја која може да се пофали со голем број на странски директни инвестиции е Полска која до 2010 има создадено 148.762 нови работни места во слободните економски зони. Полска како дестинација на инвеститорите нуди поволности како: максимум до 40% од вкупните инвестициски трошоци и до 2 години државна помош за секое создадено работно место. Интензитетот на државна помош која ја доделува Полска зависи од големината на инвестицијата и бројот на создадените работни мести. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА