Има ли Македонија право на посебна црква?
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2019
Северна Македонија, која е суверена , има право на посебна и независна црква.
Ова е ставот на премиерот Зоран Заев кој зборувајќи за односите на Бугарија и Северна Македонија, допре и до прашањето за нерешениот статус на МПЦ.
-Бугарската православна црква презеде одлучни чекори во однос на нашата Македонска православна црква-Охридска архиепископија. Бугарските епископи посетуваат македонски цркви, а македонските епископи посетуваат бугарски.
Нашите граѓани кои се верници, гледајќи ја добрата соработка, го поддржуваат ова пријателство-кажа Заев во интервју за бугарската агенција.