ИМА ЛИ ПРИЧИНА ЗА СТРАВ ПОРАДИ ЧЕРНОБИЛ: МААЕ со најнова информација
Објавено во: Стил 09 Март, 2022 15:18
Меѓународната агенција за атомска енергија излезе со
соопштение во врска со проблемите со снабдувањето со електрична енергија во
Чернобил
Загубата на електрична енергија во нуклеарната централа Чернобил во Украина нема критично влијание врз безбедноста, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
- Топлинското оптоварување на базенот за складирање на потрошеното гориво и количината на вода за ладење во нуклеарната централа Чернобил е доволна за ефикасна дисипација на топлина без потреба од снабдување со електрична енергија - се наведува во соопштението.
Инаку, како што претходно соопшти претходно украинската компанија за нуклеарна енергија Енергоатом, Чернобил е исклучен од струја, наведувајќи дека тоа значи дека ладењето е во опасност.
Како што наведоа, од нуклеарната централа може да се испуштаат радиоактивни материи бидејќи таа не е во состојба да го лади потрошеното нуклеарно гориво.
- Активностите на поправка на приклучокот и враќање на струјата на електраната, која беше окупирана од руски војници, не беа можни бидејќи борбите се во тек - се наведува во соопштението на таа компанија.
Украинскиот министер за енергетика Херман Калушченко претходно изјави дека украинските власти не ги знаат нивоата на радијација во нуклеарната централа Чернобил, бидејќи немаат информации што се случува таму откако таа беше окупирана од руски војници.
Украинскиот министер за надворешни работи, пак, повика на прекин на огнот за да се овозможи поправка и обновување на снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа во Чернобил.
ФОТО: EPA/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





