19 Декември, 2025
0.0459

„Има пари за плата, само не се правило распоредени“: Трендафилов вели ако има пари за избори, има и за повисоки плати

Објавено во: Економија 10 Август, 2025 16:22

Добивај вести на Viber

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, вели дека пари има само не се правило распоредени.
ИМА ПАРИ ЗА ПЛАТА САМО НЕ СЕ ПРАВИЛНО РАСПОРЕДЕНИ

Уште една причина за зголемување на минималната плата е фактот што 10.000.000 евра колку што се предвидени за локалните избори, ако ги поделиме на околу 150 евра во бруто за зголемување на минималната плата добиваме 66.666, ако го поделиме во месеците октомври, ноември и декември, или на 3 месеци, добиваме 22.222 или околу 22.222 работници кои примаат плата во висина на минималната плата добиваат зголемување на 500 евра нето минимална плата !

Истовремено, со блиску 10.000.000 евра може да се субвенционираат придонесите за дополнителното зголемување на минималната плата, кои за 6.000 денари нето зголемување на минималната плата, би изнесувале околу 3.000 денари дополнителни за бруто, или околу 50 евра, со кои за 66.666 работници можат да се субвенционираат придонеси за дополнителното зголемување на минималната плата за три месеци и тоа за октомври, ноември и декември како поддршка за работодавачите кои евентуално би се соочиле со проблеми за исплата на зголемената минимална плата и на таков начин најмалку 66.666 работици би добиле минимална плата од 500 евра во нето износ.

Да не заборавиме дека овие 10.000.000 повторно преку уплата на придонесите би се вратиле назад во буџетот и Државата би имала двоен ќар и тоа, најмалку 10.000.000 евра назад во буџетот и задоволни работници, но пари за зголемување на минималната плата немало, а за избори имало...

Не е до парите, до приоритетите е!, напиша тој.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии