20 Декември, 2025
0.0737

ИМА СОМНЕЖИ ДЕКА СЕ ПОДМЕТНАТИ: Пожари и во Србија, две села се загрозени

Објавено во: Балкан 26 Август, 2024 21:12

Добивај вести на Viber

И кај северниот сосед има пожари за кои постојат сомнежи дека се подметнати. Пожарникарите веќе два дена водат голема битка да ги стават под контрола шумските пожари на југоистокот на Србија, јави Би-Би-Си на српски јазик.

Огнот зафатил неколку стотини хектари во тој регион, јавува Радио-телевизија Србија (РТС).

„Најголемите пожари во моментот се на подножјето на врвот Видлич на Стара Планина, во општините Димитровград и Пирот, на границата со Бугарија“, информира Министерството за внатрешни работи на Србија.

Две села во таа област се загрозени затоа што огнот се приближува. Се распламтил и пожар во општина Жагубица. Полицијата се сомнева дека пожарите се подметнати. Пожарот на Видлич го гасат вкупно 120 лица – пожарникари и работници од Јавното претпријатие „Србијашуме“, а ангажирани се и хеликоптери. Општина Димитровград наскоро би можела да прогласи вонредна состојба, јавува РТС. Ситуацијата е сложена затоа што се работи за исклучително непристапен терен. 
„Во овој регион се загрозени две села, Одоровци и Гуленци, но ќе ги насочиме сите сили да ги заштитиме жителите“, изјави Чаушиќ.
Постои сомневање дека подметнат е и пожарот во регионот на Сува Планина. Србите и ова лето помагаа за гаснење на пожари во Македонија. Летово во Црна Гора, Хрватска, Грција, Турција имаше пожари. 
фото: Министерство за внатрешни работи на Србија

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација