08 Октомври, 2024
0.0311

ИМА УШТЕ ВРЕМЕ ЗА ЕВТИН ОДМОР: Еве каде да летувате месецов по евтини цени!

Објавено во: Стил 01 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Ако ја меркате опцијата лето во септември, тогаш навистина нема да згрешите. Ем ќе си поминете поевтино, ем ќе избегате од гужвите на плажи.

Сепак, Грција е извесно дека ќе биде скапа и во септември, а вие имате опција овој пат да ја скокнете и да уживате во последните денови на летото во Црна Гора, Албанија а зошто не и Бугарија.

Можеби споредбата на морињата нема шанси, но зошто да не се посети некоја од овие опции.

Црна Гора е најисплатлива со закуп на амартманско сместување со една или две звезди, со сопствен превоз.

Во местата како Сутоморе, Чањ, или околината, апартманите кои се идеални за две лица дури и во сезона може да се најдат за 25 евра, а пред сезона или во септември и за помалку. Така испаѓа да седум дена, по лице, може да чинат помалку од 90 евра.

Валона исто така нуди евтино летување . За ноќевање ќе платите околу 20 евра , но на плажите ќе може да уживате пиејќи кафе за 35 денари под чадор со лежалки кои чинат 150 денари.

Пивото ќе ве чини 45 денари а за обилен ручек со предјадење јадење и десерт за двајца ќе треба да издвоите и помалку од 1000 денари.

Се што треба е само да пребарате на интернет или да се распрашате во туристичките агенции. Ние сме сигурни дека ќе имате евтин но и незаборавен одмор.