15 Декември, 2025
0.0498

ИМА ЖРТВИ: Силно невреме ја зафати Москва

Објавено во: Свет 20 Јуни, 2024 19:20

Добивај вести на Viber

Силно невреме ја зафати руската престолнина. Најмалку две лица загинаа, а 10 се повредени при силно невреме во Москва. 

Еден човек загина при уривање на скеле во близина на Московскиот државен технички универзитет Бауман во центарот на градот, потврди денеска претставник на службите за итни случаи на руската престолнина.

„Силните налети на ветерот предизвикаа пад на скелето“, изјави тој за агенцијата РИА Новости.

Изворот појасни дека скелето се урнало на површина од 10 метри квадратни во близина на трикатната зграда кај Московскиот државен технички универзитет Бауман.

Синоптичарите сооопштија дека за само еден час во руската престолнина наврнале 22 мм дожд. Тоа е една третина од месечната норма. Руското Министерство за цивилна одбрана, вонредни ситуации и ликвидација на последиците од природни катастрофи предупреди дека денеска до 22 часот во Москва се очекуваат поројни дождови и силен ветер, како и можност за торнадо во следните часови. Во Москва беше објавено портокалово 10-то ниво на опасност поради лошите временски услови, бидејќи налетите на ветерот достигнаа и до 25 метри во секунда.

Поради лошото време во руската престолнина, парковите и фестивалските платформи се затворени, а службите за итни случаи на градот работат во засилен режим и брзо ги отстрануваат паднатите дрвја и ги демонтираат постројки оштетени од ветрот.

Московските аеродроми „Шереметјево“, „Внуково“, „Домодедово“ и „Жуковски“ работат нормално и покрај поројниот дожд и лошото време. Не се пријавени доцнења или откажувања на летови.

Лани летото, при невреме силен ветер откорна 70 дрвја во Москва, а голем број автомобили беа оштетени. 

Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса