Имало ли синџир за криминален увоз на струја: Под контрола на Царината уште една фирма!
Објавено во: Економија 05 Ноември, 2012 20:54
Како што соопштуваат од Управата, во првиот случај, трговско друштво од Скопје избегнало плаќање на царински давачки во вкупен износ од околу 79,4 милиони денари. Притоа е констатирано дека за потребите на пријавеното правно лице, во текот 2011 и 2012 година, преку електро – преносниот систем биле испорачани вкупно 154.790 MWh електрична енергија. Утврдено е дека дел од увезената електрична енергија е бесправно отстранета од царински надзор без да бидат платени царински давачки во износ од 71,6 милиони денари. Исто така, пронајдени се и анекси кон генералниот договор за купопродажба на електрична енергија каде единечната цена за MWh по која била купена електричната енергија била значително повисока споредено со единечната цена по која истата била декларирана, па на тој начин избегнато е плаќање на царински давачки во висина од 7.8.милиони денари.
Во вториот случај, соопшуваат од Управата, констатирано е дека трговско друштво од Скопје избегнало плаќање на царински давачки во вкупен износ од околу 30 милиони денари, за што се донесени две решенија за дополнителна наплата на царински долг, додека во третиот случај, донесени се решенија за дополнителна наплата на царински долг износ од 3,5 милиони денари, за електрична енергија за која не се поднесени царински декларации за пуштање во слободен промет и не се платени давачките, а со дополнителна контрола е утврдено дека стоката е пуштена во слободен промет. Царинските измами се откриени при проверка и споредба на количините на оцаринетата електрична енергија во Република Македонија со податоците за количините на увезена, извезена и транзитирана електрична енергија, за период 2010-2012 година.Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




