Во автобусот имало туби со нафта која е купена од Турција каде е поевтина?
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021
Сите загинати во несреќата биле на средна врата во обид за спас, немало ниту еден на седиштата, објаснува новинарката Патриција Кирова од Бугарија за ТВ21 и за неофицијалните причини за несреќата за кои денеска пишуваат и бугарските медиуми.
„Според првичните информации на бугарските медиуми имало гориво во автобусот кое е купено од Турција каде е поевтино отколку во Македонија и Бугарија“, вели новинарката.
Огнот започнал да гори од предната страна, каде според бугарската полиција имало туби со нафта покрај резервните гуми.