15 Мај, 2024
0.0398

ИМАМЕ ПОДАТОК КАДЕ СЕ ПАРИТЕ: Обвинителката Рускоска за Слободен печат за истрагата против Зекири

Објавено во: Македонија 08 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Предметот за истрагата за проневера која е покрената против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани, Обивнителството за организиран криминал го доби во втората половина на 2021 година, вели обвинителката Вилма Рускоска во изјава за „Слободен печат“.

„Истрагата се водеше од Министерството за внатрешни работи, а Обвинителството го доби случајот во втора половина на 2021 година. Од тогаш, надлежниот обвинител издаде повеќе наредби за собирање докази и во текот на вчерашниот ден стигна и последното известување, по што надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување истрага и предлог за определување мерка притвор за осомничените. По таа мерка, Судот ќе одреди како ќе постапува понатаму. Имаме податок за тоа каде се парите. Осомничените хрватските државјани, според нашите информации, не се наоѓаат во државава, но ние ќе стапиме во контакт со колегите од Хрватска, ќе ги доставиме доказите до нив, па доколкку се согласат да го преземат гонењето, нивното понатамошно процесуирање ќе биде во Хрватска,“ вели Рускоска.

Таа нагласува дека „Обвинителството за организиран криминал цврсто стои на ставот дека секој кој направил кривичен престап, а за што постојат докази, ќе биде гонет, без разлика на неговата позиција во системот на државата.“

Зекири нема стражарно да биде спроведен пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд. Тој добил писмена покана да даде исказ откако Обвинителството за организиран криминал и корупција побара притвор за Зекири и двајца хрватски државјани кои се осомничени дека со изигрување на тендерската постапка, незаконски присвоиле 145.400 евра.

Извор: Слободен печат

Можеби ќе ве интересира

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен