19 Мај, 2024
0.0251

Имате првут: Пробајте ги овие „народни лекови“

Објавено во: Стил 17 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Првутот знае да биде навистина досаден. Причинители се многу, како и начините да се спасите од оваа „ноќна мора“, но ако она што го пробавте досега не покажа ефект, пробајте ги следните рецепти, едноставни се а можат многу да помогнат.

Маслиново масло

Првутот е најчеста последица на сувата кожа, употребата на маслиново масло е повеќе од добродојдена во борбата против првутот. Нанесете топло (не врело) масло во косата пред миење. Оставете го така 15 до 20 минути пред миење со шампонот. Исто така, можете да го нанесете маслиновото масло на темето со кружни движења пред спиење. Оставете го цела ноќ и следното утро исплакнете со благ шампон. Подметнете под главата стара крпа на перницата поради впивање на маслото оли замотајте ја главата со памучен пешкир.

Јогурт и бибер

Измешајте две лажички мелен бибер со шолја јогурт и со тоа тријте го темето. Исплакнете после еден час и измијте ја косата со шапон.

Лимонов сок и кокосово масло

Измешајте ги лимоновиот сок и кокосовото масло во размер еден спрема пет. Полека нанесете ја смесата на темето и оставете ја така помеѓу 20 и 30 минути. Исплакнете користејќи благ шампон.

Оцет

Од сите видови, против првуот најдобар е јаболковиот оцет. Нанесете на темето, наквасете ја целата коса со оцет, но пазете на очите. Исплакнете после 30 минути и не грижете се за мирисот, тој ќе се изгуби кога ќе се исуши косата.

Бел лук

Се смета за најдобро природно средство за сузбивање на првутот. Истиснете од белиот лук и додајте малку вода за да направите густа мешавина. Нанесете ја на темето и оставете околу половина час. Измијте ја косата со благ шампон.

Сода бикарбона

Додајте една лажичка сода бикарбона во шампонот и измијте ја косата со таа смеса.

Имајте на ум дека дека наведените средства дејствуваат само ако се користат повеќе пати. Бидете стрпливи и упорни.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“