07 Октомври, 2024
0.0249

Имињата на познатите стадиони инспирирани од фудбалски легенди, револуционери, богови и брендови

Објавено во: Стил 09 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Националната арена доби ново име по славната и прерано починатата македонска поп-икона Тоше Проески, иако ретки се случаите стадиони во Европа да бидат именувани по индивидуалци, а уште повеќе по музички изведувачи на концерти.

Стадионот Максимир, на кој настапува Динамо Загреб и хрватскиот фудбалски национален тим го носи името по тамошниот парк кој пак тоа име го добил по дамнешна гостилница на тоа место. Во Белград најголемиот стадион се вика Рајко Митиќ според поранешниот фудбалер и тренер, а неофицијално е повеќе позната како Маракана. Најголемата фудбалска арена во Софија, Васил Левски, е именувана по бугарскиот револуционер кој го организирал населението против отоманската власт. Најголемиот стадион во Словенија наречен Стожице го носи името според реонот на кој е подигнат. Олимпијакос во Атина игра на Јоргос Караискакис, поранешен генерал во борбата за независност.

Стадионот на Атлетико Мадрид е наречен според бизнисменот кој го финансирал клубот, а Фиорентина го нарекува својот стадион Артемио Франки во чест на својот некогашен претседател. Алијанц Арена на Баерн Минхен, Емирејтс на Арсенал, Турк Телеком на Галатасарај, Ред Бул арена на Лајпциг се класичен пример за се поголемиот продор на комерцијализацијата и се викаат според компаниите-спонзори. Камп Ноу на Барселона значи „нов терен“.

Според поранешни фудбалски легенди се наречени и Сантијаго Бернабеу на Реал Мадрид. Стадионот Улеви на шведскиот Гетеборг е наречен по митолошкуит бог на игрите кој често се споменувал во легендите. Али Семи Јен, славниот стадион во Истанбул, е наречен по неговиот основач, иако Галатасарај повеќе не игра таму. Абди Икпекчи во борбата за човекови права бил инспирација така да се нарече уште еден фудбалски храм во Турција.

Валериј Лобановски, по кого е наречен стадионот во Киев, е славен тренер уште од советската ера, а и стадионот Валентин Станеску во Букурешт е именуван по славниот стратег на Рапид и Стеауа. Хампден парк, стадионот на кој игра шкотската фудбалска репрезентација, има инспирација од Џон Хампден, средновековен политичар.

„Централен стадион“, „Олимписки стадион“, „Градски стадион“, „Стадион на армијата“ се честите официјални називи на многу стадиони во Европа.

Постојат стадиони кои се со поапстрактно значење, како „Паркот на принцовите“ во Париз и „Колосеум“ во Рим.



Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни