ИНЦИДЕНТ ВО БЕЛГРАД: Ученик во училиште донел пиштол и го покажал на другарите
Објавено во: Балкан 17 Октомври, 2024 19:47
Ученик во Србија однел пиштол на училиште и го покажувал на другарите.
Основното училиште „Јован Дучиќ“ во Нов Белград добило најмалку една анонимна пријава дека вчера попладне еден од учениците донел пиштол во училиште и им го покажал на другарите во тоалетот. Случајот е пријавен во полицијата и во Обвинителството.
Од вишото Јавно обвинителство за Инсајдер потврдија дека вчера, 16 октомври, во основното училиште „Јован Дучиќ“ во Нов Белград од страна на ученик бил внесен пиштол играчка.
И од МВР за Инсајдер потврдија дека ги истражуваат наводите дека момчето, кое посетува седмо одделение во ова основно училиште, наводно на своите соученици им покажало „нешто како пиштол“.
Лани во Белград во основното училиште „Владислав Рибникар“ се случи масакр, каде момче уби 9 лица. Но, во Србија лани и оваа година имаше и напади на наставници.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




