19 Март, 2024
0.0279

Индикатори на конкурентската способност на производството

Објавено во: Колумни 07 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Либерализација   на  меѓународната   трговија   преку  елиминирање на  пазарните  ограничувања  меѓу државите  на  ЕУ и  промена на преференцијалните  трговски  договори  како и развој на глобализацијата, придонесоа за заострување на конкуренцијата на географско (регионално)  и гранково ниво. За одделни сектори на производството поимите како  пораст, продуктивност, ефикасност и конкурентска способност добиваат  ново  ниво на мерење, при што колку е поотворена една  економија  толку  повеќе  се засилува бинарната  важност  односно  конкурентска   способност  на национално (внатрешно) и меѓународно ниво.

  Конкурентска  способност  кај  определена  стопанска  област, на пример земјоделството или храната, фокусира внимание врз нивото и промените  во трговскиот биланс и (или) во резултатот на самата  стопанска област. Според Шарплес и Милкам, да бидеш конкурентен е способноста  да  располагаш со стоки и услуги во време, место и вид,   барани  од  купувачите по цени толку добри  или   подобри   од  други  потенцијални  понудувачи осигурувајќи задоволително ниво на ефикасност на искористените ресурси.

  Портер   (1990 год.) ,  анализирајќи   го   значењето   на  партнерството (кластерите)  заклучува   дека:   “современата  конкуренција  зависи  од продуктивноста, а не од пристапот до суровини или големината на делување на секоја стопанска дејност”. Тој смета дека значење  има  како фунционира даден бизнис , а не каде е.
  Конкурентна  е онаа дејност  (гранка)  која има   капацитет за  трајно и успешно присаство и ги запазува  позициите на  домашниот и  странскиот пазар. Портер ги подвлекува значењето на  општата  продуктивност  на  индустријата специјално што се однесува на трошоците за работна сила кои се сметани за клучен индикатор кај националната продуктивност.

Бидејќи меѓународната  конкуретска   способност е  динамичен  и   гранков поим, се размислува за значењето на долгорочна конкурентска способност и динамика на  компаративна  предност.  Постои  интерес  кој  долгорочно затајување на  задоволително  ниво на  конкурентнска  способност   и   се акцентира на потребите и задолженијата  произлезени   како  резултат  на технолошките  промени и  подобрувања  овозможени   со  исполнување на инвестициони средства.

  Фагерберг, предлага модел за конкурентната способност на  меѓународни нивоа со поврзување на развојот на пазарните делови со  три  вида фактори: способност   за  конкуретска  способност  на  технологија,  потоа  според ценовната конкурентност и  трето  располагање  со  производи, односно ефективен пристап до меѓународните пазари.

  Новата теорија за “стратешка”  трговија  покажува  дека поединостите кај структурирањето на   економските  производства   можат  да се  постигнат максимални ефекти на  инвестиционите  планови  и  политики.  Во  неа се подвлекува   улогата  на  државата  и   Владата за  обезбедување   на конкурентската економска средина.

  Кога ја анализираме (разгледуваме) конкурентската способност од  аспект на  бизнис,   тогаш ја  определуваме  како способност  за  рентабилно производство и можноста за определување на цени еднакви или пониски од оние што ги предлагаат други  производители  на  определен пазар преку конкурентни цени и  диференција  на  производи. Европскиот  форум за менаџмент (1984 год.) , ја дефинира  конкуретнската  способност  како директна и  идна  или  можност   за претприемачите да проектираат, произведуваат и  тргуваат со производството од светски размери, чија цена и квалитети се поатрактивни од тие  што ги   нудат  локалните и  странските конкуренти. На меѓународно ниво  конкурентската способност се мери кога даден производ може да конкурира со други слични производи на  светскиот пазар кога се земаат во   предвид  производните  трошоци.   Конкурентен производ може да опстане едновремено  при  увоз  во земјата или да биде извезуван. Во случај ако не е конкурентен   одреден  производ,  потребно е ограничување во увозот на тој производ,  при  што  најчесто е  ограничен неговиот  извоз,  а може да се  пристапи  кон  субвеционирање на производството со цел да се постигне конкурентско способна цена.

  Теоријата за стратешки менаџмент ја дефинира конкурентската  способност како можност производството да е рентабилно и продукцијата да се нуди  со добра  цена.  Според   таа теорија  постојат пет  основни  параметри на конкурентската способност:  технологија,   карактеристики  на финансиските текови (приливи)  економија на производниот процес,  диференција  на производите и надворешните  фактори.  Тие  параметри  имаат  влијание  на конкурентската предност на бизнисот и можност да  бидат   поделени на две основни категории:  параметри  кои се  однесуваат  на  трошоците на производството и параметри  кои имаат  влијание на  квалитетот  на производот и  квалитетот на  организацијата на  претпријатието.  Кај овие параметри предностите за  бизнисот  се   зголемуваат,   се  зголемува  и пазарниот дел како чистата добивка.  Тоа се показатели кои се сметаат како критериуми за конкурентност.

  Покрај тоа, користењето на пазарниот дел како показател за конкурентска способност е поврзано со определени ризици:

-На макроекономско ниво пазарниот дел за извоз  на земјата   се мери  врз база на сите групи на производи во согласност со  хипотезата дека  вкупната големина на извозот ни покажува  колку е тој  конкурентно  способен.  Тој пристап меѓутоа не ни дава информација за   одделни   производи.  Затоа е подобро пристапот ако конкурентската  способност се  анализира  преку анализата на пазарните делови на извоз по производи.

-Оценката на деловите на надворешниот пазар не дава претстава за конкуретска способност на производство  и на претпријатијата на домашниот пазар. Тие треба да се разгледуваат преку анализа на трговскиот бизнис.

-Делот на надворешниот пазар често е мерка за оценка на конкурентската способност на ниво на претпријатие,без да се земе предвид како е постигнат.

-Оваа мерка не се однесува за случаи кога се во прашање големи компании кои оперираат на различни пазари како и мултинационалните претпријатија.

  Конкуретската способност во однос на сопствената цена на чинење е најчесто користен индикатор за конкурентноста на ниво на производен сектор и претпријатие. Општо прифатено е мислењето дека колку е пониска цената толку поконкурентно способни се претпријатијата или производниот сектор.

  Сепак и покрај тоа што цената на чинење на производството ни овозможува да имаме некаква претстава за споредување на позициите на одредени производи меѓу земјите, не може да се земе без резерва нивната ефективност. Бизнисот може да биде конкурентско способен во однос на цената но да трпи загуба по економски показатели поради ниска пазарна позиција или лош имиџ на производот.

  Најчесто среќаван индикатор за конкурентска способност се “конкуретски цени”. Тој е тесно поврзан со конкуретска способност во однос на трошоците и има важна улога при определување на пазарните позиции. Сепак не ги разјаснува можностите во однос на ефективноста на бизнисот или на гранката. Еден бизнис може да биде конкурентен во однос на цената но заради нискиот квалитет и лош маркетинг таа можност не може да се оствари со продажбата и добивката.

  Друг показател за конкуретска способност е “конкурентска способност на квалитетот”. Конкурирањето само со цената не е секогаш добра форма на конкуренција.

  Кога квалитетот е клучен елемент на конкуренцијата како што се случува во многу средоземни земји со земјоделски и прехрамбени производи, да се произведуваат по многу ниски цени што значи успешна стратегија. Цените можат да служат како показател за квалитет но книски цени индицираат низок квалитет.

  Анализата на конкурентската способност врз база на одделни показатели како што се : цена на чинење, продажна цена, или квалитет е погоден инструмент за прогнозирање на последиците од трговската покитика или во односите со државата, некои производства или некое претпријатие но не е толку погодно  за процесот на развој.  Потребен е повеќестран пристап кој што вклучува различни инструменти. На пример, анализа на развојот по производи, конкурентската способност на цената, трговскиот биланс како и дел на надворешните пазари.

  Анализата на конкуретската способност за определена земја во однос на другиот дел од светот е сложена бидејќи се користи “баласа” индекс, кој покажува колку една земја располага со “отворена” споредбена предност, но не да се определат изворите на споредбената предност. Така оцената на споредбените предности на една земја преку индексот се базира на спецификацијата на него извозот според останатиот дел од реферантната група ( во предвид се земаат сите страни на светот).


Проф. Б. Анакиев, Проф. Ромина Кабранова

Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?