26 Ноември, 2024
0.0349

Индискиот гигант укинува 2.800 работни места во Британија

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Индискиот производител на челик Тата Стил соопшти дека ќе ги затвори двете високи печки во фабриката во Порт Талбот во Велс, со што ќе се елиминираат 2.800 работни места.

Тој го направи овој потег како дел од плановите неговата непрофитабилна операција во Обединетото Кралство да ја направи „поштедлива и позелена“.

Планот е да се префрли од високи печки на јаглен на електрични лачни печки, кои испуштаат помалку јаглерод, користејќи половина милијарда фунти (634 милиони долари) инвестиција од британската влада.

Компанијата рече дека префрлањето од старите високи печки „ќе ги врати повеќе од една деценија загуби во поодржлив бизнис со зелен челик“, пренесува АП.

„Патот што го зацртавме е тежок, но веруваме дека е вистинскиот“, рече извршниот директор на Тата Стил, Т.В. Нарендран.

Компанијата соопшти дека очекува да бидат укинати околу 2.800 работни места, од кои 2.500 во следните 18 месеци, а уште 300 се изложени на долгорочен ризик.

Двете високи печки треба да бидат затворени оваа година, а новата електрична печка да биде инсталирана до 2027 година, се додава во соопштението.

Веста е голем удар за Порт Талбот, град со околу 35.000 жители чија економија е изградена на челичната индустрија од раните 1900-ти. Синдикатите побараа една висока печка да остане отворена додека се гради електричната, што би значело помалку отпуштања, но компанијата го одби нивниот предлог.

Челичната индустрија сега сочинува 0,1 отсто од економијата на ОК и 2,4 отсто од емисиите на стакленички гасови во земјата.

Тата во 2022 година предупреди дека нејзиниот бизнис во Обединетото Кралство е загрозен, освен ако владата не обезбеди средства за да и помогне на компанијата да се префрли на електрични лачни печки со помала количина на јаглерод. Минатата година, британската влада и додели на Тата 500 милиони фунти (634 милиони долари) за да ја направи железарницата во Порт Талбот позелена, истакнувајќи дека префрлањето на електрични печки „ќе обезбеди одржлива и конкурентна иднина за челичниот сектор во ОК“.


Тата Стил, која инвестираше дополнителни 750 милиони фунти (950 милиони долари) во проектот, рече дека префрлањето на електрична печка, која произведува челик од старо железо, ќе ги намали емисиите на јаглерод за околу 85 отсто.

Владата на ОК рече дека инвестицијата „ќе ја трансформира локацијата и ќе заштити илјадници работни места - и во Порт Талбот и низ синџирот на снабдување“.

Синдикатите на GMB, кои ги претставуваат работниците во Порт Талбот, рекоа дека е „неверојатно дека некоја влада ќе и даде на компанијата 500 милиони фунти за да отфрли 3.000 работници“. Опозициските политичари ја критикуваа конзервативната влада на премиерот Риши Сунак, велејќи дека не успеала да застане во одбрана на британската индустрија.

Фото: Принтскрин/Твитер

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата