20 Декември, 2025
0.0541

Индустријата непривлечна за работа-скромен раст на работници во јули

Објавено во: Економија 31 Август, 2016 13:05

Добивај вести на Viber

Во јули во однос на истиот период лани во одредени сектори има зголемен број на работници, а во дел има и намалување.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во  јули 2016 година, во однос на јули лани изнесува 99.4. Ова го покажуваат статистиките на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во јули 2016 година, во однос на јули лани има пораст од 1.5%, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0.7%, а во секторот  снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е евидентирано опаѓање од 0.5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2016 година, во однос на  јули 2015 година, бележи пораст кај енергија за 0.9%, интермедијарни производи, освен енергија за 1.3%,  капитални производи за 9.7% и трајни производи за широка потрошувачка за 3.0%, додека опаѓање бележи  кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јули 2016 година, во однос на периодот јануари - јули 2015 година, изнесува 100.9.

Во првите три месеци понудата на работна сила се намали за 1,4% во земјата, што претставува натамошно продлабочување на негативната годишна динамика присутна во претходните три квартали, пишува во последниот извештај на НБМ.

Лани во првите три месеци вкупното активно население изнесуваше 959.388 лица. Од јануари до март годинава таа бројка падна на 945.821 лице.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба