Добивај вести на Viber
Заедничката индустриска зона меѓу Северна и Јужна Кореја, Кесонг, денеска повторно е отворена. Таа пет месеци не работеше поради политичките тензии меѓу двете земји.
Агенциите јавуваат дека долги колони возила започнале да ја минуваат границата со Северна Кореја, бидејки во индустриската зона Кесонг работат околу 800 јужно-корејски менаџери и работници.
Во комплексот, кој е на северно-корејска територија, има 120 јужно-корејски фабрики во кои се вработени 53.000 северно-корејци, пренесе РСЕвропа.