25 Ноември, 2024
0.0274

ИНФЕКТОЛОГОТ АНДРЕЈ ТРАМПУЖ: Луѓето си играат, сè уште не веруваат во вакцинацијата, а јас и моите колеги лекари и научници се чувствуваме како папагали

Објавено во: Свет 30 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

-Сè уште немаме податоци дека омикрон, јужноафриканскиот вид на коронавирус, е посмртоносен од видот делта. Сепак, верувам дека појавата на омикрон е чекор наназад, што можеше да се избегне доколку луѓето беа доволно вакцинирани и доколку политичарите, кога требаше да ги слушаат лекарите и научниците, носеа валидни и навремени одлуки. Омикрон се појави бидејќи нема доволно вакцинација на населението во Јужна Африка. Ние лекарите и научниците очекувавме појава на нов сој, прашање беше само кога и каде ќе се појави. Исто така, очекувавме нова варијанта со повеќе мутации, а омикрон има дури 32 мутации. Природата уште еднаш покажа дека е попаметна од нас луѓето, бидејќи овој сој не можеше да се направи лабораториски, како што сега ќе кажат многу антиваксери, посочува проф. д-р. Андреј Трампуж, специјалист по инфектологија и интерна медицина од болницата Шарите во Берлин, пренесува Слободна Далмација.

Појавата на омикрони ќе влијае и на процентот на оние кои треба да се вакцинираат за да се победи пандемијата.

- Со појавата на видот Вухан, мислевме дека 70-75 проценти од вакцинираните ќе бидат доволни за победа над КОВИД. Меѓутоа, како што почнаа да се појавуваат други соеви и „мутанти“, така се зголеми и процентот на оние кои требаше да се вакцинираат за да се постигне колективниот имунитет. Така, со појавата на делта сојот, мислевме дека ќе треба да вакцинираме најмалку 80 проценти од луѓето, а сега со појавата на омикрон, вакцинацијата можеби ќе треба да биде 90 проценти - вели др. Трампуж.

Во овој момент, оние кои биле вакцинирани со две дози треба да добијат „бустер“ по шест месеци, но тоа може да се промени наскоро.

- Можно е на секои три месеци да треба да примаме „бустер“ доза, што ќе зависи од појавата на нови соеви. Со доаѓањето на омикрон, фармацевтските компании веќе почнаа да работат на нова вакцина, која ќе биде подобра бидејќи фармацевтите ќе прават вакцини кои ќе „покриваат“ нови соеви, како што е омикрон. Очекувам вакцината да се направи за шест недели бидејќи постоечката вакцина ќе треба само да се надгради. Но, додека вакцината излезе на пазарот, ќе бидат потребни најмалку шест месеци бидејќи треба повторно да се спроведат клинички студии, така што очекуваме за околу половина година да се поднесе барање за итна дозвола за ставање на нова вакцина на пазар. Сепак, за шест месеци ќе биде доцна за четвртиот бран. Затоа сега треба да се вакцинираат што повеќе луѓе, за да се спречи доаѓањето на нов сој за кој можеби немаме одговор. Луѓето си играат, сè уште не веруваат во потребата од вакцинација, а јас и моите колеги лекари и научници се чувствуваме како папагали. Постојано го кажуваме истото, го повторуваме истото, а луѓето не слушаат, барем не во доволна мера, вели д-р Трампуж.

Инфектологот Трамуж се надева и очекува дека КОВИД, штом има доволно вакцини, ќе стане нешто слично на грипот, како сезонско заболување.

- Да, сепак, за да го постигнеме тоа треба да се поделиме, треба да стекнеме колективен имунитет. Сега имаме четири видови на грип во светот и за нив секоја година имаме вакцина. Така ќе биде и со КОВИД, само треба да се вакцинираме, да спречиме појава на нови мутации, кои ги постигнуваме со вакцинација. После тоа, на пример, ќе имаме четири соеви на КОВИД, за кои ќе имаме вакцина, а потоа ќе ја држиме под контрола оваа болест, како и грипот - заклучува проф. д-р Андреј Трампуж.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна