05 Декември, 2025
0.0439

(ГАЛЕРИЈА) Инфинити базен и логорски оган: Како изгледата новата вила на Роналдо?

Објавено во: Стил 04 Август, 2019 10:53

Добивај вести на Viber

Со богатство кое се проценува на 450 милиони долари, можеме слободно да кажеме дека Кристијано Роналдо има доволно пари за трошење и љубов кон луксузниот свет. На неговиот Инстаграм профил често може да видиме како и колку тој ужива во животот, со приватни авиони, одлични автомобили, јахти и вили кои се појавуваат на фотографиите. Сега, фудбалерот на Јувентус ќе има уште можност да прави неверојатни објави на својот Инстаграм профил, бидејќи себе си се почести со луксузна шпанска вила од 1.6 милиони долари.

Вториот најплатен спортист на светот, кој оваа година заработи 109 милиони долари, се почести со четирисобна викендица во Марбеља, а еден од комшиите му е Конор Мегрегот. Ова е втора вила која Роналдо ја купи - првата вила чинела 5.8 милиони долари, а истата има гигантски портрети од познатиот фудбалер.

Новата вила е со чисти, модерни линии и бела фасада, која е одличен контраст на плавите бранови. Високите плафони и пространи панорамски прозорци пропуштаат изобилие од природна светлина во животниот простор, додека елегантно лебдечките скали поврзуваат две нивоа. Пространата главна спална соба има масивен вграден гардеробер, приватна бања и секако неверојатен поглед, а за останатите детали се погрижи Машки Магазин.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: