07 Октомври, 2024
0.0238

Информатика без компјутери-и тоа е можно во земјата каде желбата за знаење е непресушна

Објавено во: Стил 27 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Информатика без компјутер? Учител во Гана учи „MS Word“ на училишна табла само со помош на креди. За ова можеме слободно да кажеме „Old school“.

Фејсбук пост од страна на наставникот во Гана стана вирален и ги освои срцата на многумина, благодарение на своите невообичаени и импровизирани методи на учење на „ICT“ (информатички и комуникацски технологии) , без компјутер.

Овур Квадво, по потекло од Кумаши, Гана, зборувал за своите искуства во учењето на ИКТ во селска рурална заедница на која и недостасува основна опрема и ресурси за таква задача.

-Секој учител има начин да го презентира својот предмет на своите ученици. Тоа е мојот пат-рекол тој.


Откако ја проучувал визуелната уметност, одлучил своите вештини добро да ги искористи при учењето со создавање на Word документи, со цртање на комплетна снимка на таблата за своите ученици.

-Го правам тоа моите ученици да сфатат што предавам, рекол тој.

-Барем да имаат слика за она што ќе го видат под претпоставка дека се зад компјутерот. 

Неговиот метод изгледа добро функционира, бидејќи децата уживаат во своите одделенија и можат ефикасно да учат.

-Ве убедувам дека се добро разбираат пред да го напуштат часот- додава Овур.

Неговиот начин на предавање предизвика големи дискусии во Гана. Иако многумина со право го фалеа господинот Квадо поради својата посветеност кон учениците и генијалната импровизација, имало и лути коментари.

Зошто во 2018 година, училиштата се уште немаат компјутери? Самиот Квадо мисли дека работите полека се подобруваат. 


-Владата е корисна и верувам во нив, тие се обидуваат ИКТ да ги направат подобри за наставниците и учениците-рекол тој.

Додека во поголемите градови како Акра и Кумаши тоа можеби се случува, напредокот е очигледно бавен во доаѓањето во руралните средини.

„Потребна ни е добро опремена инфраструктура, помагала во наставата и учењето и влада која има образование во своето срце“ .

Бијдеќи стана вирален, г-дин Квадо добил донации за лаптоп и проектори, што е одлична вест за децата и школото.

Тој е благодарен за секоја помош во креирање на подобро искуство за своите ученици, а исто така планира помош и во други училишта во регионот. 

-Има многу училишта кои се соочуваат со истиот проблем. Можам да им помогнам и да им давам некои од донациите на нив-рекол Кваидо.


Напорите и посветеноста на господинот Квадо се добар приемр за наставниците во земјите во развој, како Гана, каде понекогаш е потребна мала импровизација за да се исполнат празнините кои владите не можат да ги пружат. 

Информатиката е предмет од витално значење за следните генерации доколку постои желба Гана да се натпреварува на глобалниот пазар , а со наставниците како што е господин Овур останува да се инспирираат учениците во понатамошна работа на овој несекојдневен начин.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни