05 Декември, 2025
0.0408

Иновацијата на дизајн на мебел е една од клучните работи кои не треба да ги увезуваме од странство

Објавено во: Стил 11 Јули, 2013 15:06

Добивај вести на Viber

Работилницата за современ македонски мебел покажува дека и во Македонија постои креативен потенцијал кој умее да создаде производ со висока естетска вредност и пазарни перформанси. Четиринаесет македонски дизајнери под менторство на Филимена Радоњанин од Фејдом и Питер ван дер Веин од Холандија ја отпочнаа втората фаза од работилницата која е насочена кон производство на веќе дефинирани парчиња мебел. Моментално младите дизајнери во соработка со технички тимови од фабриките Фејдом и Диамико работат на изведба на прототиповите.

Резултатите од работилницата ќе бидат премиерно претставени на „Неделата на дизајн“ во Скопје во период од 1 до 6 октомври во Куршумли Ан. Сега откако веќе имаме произведен македонски дизајн, ќе биде многу полесно да се привлече вниманието на мебел производителлите во Македонија, како и пошироката домашна публика и регионалната јавност.

“Иновацијата на дизајн на мебел е една од клучните работи кои не треба да ги увезуваме од странство. Не ни фалат дизајнери, не ни фалат производители и материјал, туку ни фали одговор на прашањето како сите овие сегменти да ги споиме во една идеја и реализација која може да ги смени општествените и економските oчекувања на Македонија како успешна дизајн дестинација, што е всушност и цел на оваа работилница – изјави Филимена Радоњанин во улога на ментор на работилницата.

Меѓународното жири за време на Неделата на дизајн во Скопје, ќе одбере три најдобри модели кои ќе бидат претставени во процес на сериско производство во соработка со домаќните, мебело-производители. Селекција од четринаесте изработени дизајни ќе ја застапуваат Македонија на регионалните дизајн смотри во 2014 година.

Проектот Шаблони, во кој спаѓа и оваа работилница за мебел, е дизајн продукција на Јавна соба во соработка со Министерството за култура и Амбасадата на Кралството Холандија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: