Инспекторите на Трудова влегоа во Кривичен - Кој е незадоволен?
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2016
Вработениот Горан Стаменковски во Основниот суд Скопје 1 ја повикал Трудовата инспекција наводно поради тоа што бил деградиран од раководството, како и со цел да се изврши увид во работните односи. Оваа судска институција станува се повжештена со голем број на препукувања меѓу самите судии за лошо работење.
„На инспекторите од Трудовата инспекција им е презентирано целокупното досие на вработениот кој од службеник во судот вработен со средно образование, од 01.12.2015 година е унапреден и му е признаено високото оразование кое го имал и на оглас е избран за раководител на одделението за човечки ресури за кое одделение имало потреба да се формира во судот. Воедно на инспекторите им е појаснето дека, од неговото унапредување до денес, иако е поставен на раководно место каде требало да презема активности од аспект на менаџирање на човековите ресурси во судот, досега ниту има изготвено план и програма ниту акциски план за работа ниту на било каков начин како раководен службеник презел активности за функционалност на ова одделение, кое за потребите на 400 вработени во судот, за правпат е формирано со неговото унапредување“, соопштија од Кривичен.
Тие додаваат и дека „наведениот вработен за платата која ја прима како раководител во судот од неговото унапредување и дадените нови задолженија, во текот на изминатата година нема сработено ниту една работна задача се до завчерашниот настан во судот кога истиот влиеаше на нарушување на меѓучовечките односи, заради што е поведена и дисциплинска постапка, за потешка повреда на работа што не ја исклучува кривичната одговорност за настанот“.
Се смета дека токму тој ја нападнал и Паола Божиновска, портпаролката на судот за што има тврдења дека меѓу двајцата постоела голема нетрпеливост, но Стаменковски ги негираше обвинувањата.