26 Април, 2024
0.0281

Институцијата без прв човек: Како се трошело во ДЗР

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Државниот завод за ревизија остана обезглавен, а поради политичките пазарања во собраниските комисии оваа институција која е најважна во контролата на јавните финансии практично и да не функционира по 4 октомври кога му истече мандатот на заменикот Насер Адеми.

Како ќе се реши оваа ситуација? Му одговара ли на некој оваа институција да не работи? Одговорите можеби и нема да ги има наскоро, а во Македонија следната година е изборна година. Додека траат овие политички калкулации со оваа чувствителна тема Фактор анализира како финансиски функционирал Државниот завод за ревизија минатата година. Дел од вработените таму обвинуваа дека Адеми прави унапредувања и трансфери за кои нема надлежности. Во 2018 година или во негово време ДЗР потрошил безмалку милион ипол евра, од кои најголем дел се трошоци за плати на вработените. За оваа намена одвоени се 1,17 милиони евра или над два проценти повеќе од претхдоната 2017 година.

Со вселувањето во новиот објект, расходите за комунални услуги и греење на ДЗР се зголемиле и учествуваат со 5 отсто во вкупните расходи на ДЗР. За оваа намена потрошени се вкупно 73 илјади евра или девет отсто повеќе од претходната година. Капиталните инвестиции се реализирани со само еден процент, а тоа се должи на тоа што и покрај планираната набавка на информатичка опрема, компанијата која била избрана за најповолен понудувач не успела да ја реализира, па парите биле вратени во буџетот.

Она што е најинтересно е ставката трансфери која во 2018 година е зголемена за речиси 700 отсто. Или ако трансферите во 2017 година изнесуваат 30.000 денари, во 2018 година се 208.221 денари. Не се образложува што отпаѓа на овие разни трансфери. За повеќе од 20 отсто зголемени се и расходите за материјали и ситен инвентар и за поправки. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто